Snapchat излегува на берза вреди повеќе од 20 милијарди долари

Snap, матичната компанија за апликацијата за праќање пораки Snapchat, наскоро би можела да направи иницијална јавна понуда  на акциите (IPO), која според проценките треба да достигне вредност помеѓу 20 и 25 милијарди долари, пишуваат светките медиуми.

Според неколку известувачи, Snapchat поднел барање за иницијална јавна понуда кај американската комисија за хартии од вредност (SEC), ако биде прифатена, тоа ќе биде најголемо IPO на некоја американска технолошка компанија после 2012 година, кога на берза искочија акциите на Facebook со вкупна вредност од 81 милијарди долари.

На основа на досегашните вложувања, вредноста на оваа калифорниска компанија се проценува помеѓу 20 и 25 милијарди долари, а IPO како што пишуваат медиумите може да биде направено во Март следната година. Таа би била најголема јавна понуда на акции во САД од IPO на кинескиот гигант Alibaba пред две години.

Snapchat е лансиран во 2012 година, како мобилна апликација која на корисниците им овозможува праќање фотографии, а денеска го користат околу 100 милиони корисници дневно, повеќе и од Twitter.

Бидејќи 60% од корисниците на Snapchat го сочинуваат млади луѓе помеѓу 13 и 24 години, нивната апликација претставува привлечен начин, како огласувачите да допрат до младите луѓе.

Основачот на Snapchat 26 годишниот, Evan Spiegel пред само три години ја одби понудата на основачот на Facebook, Mark Zuckerberg кој сакаше Snapchat да го купи за 3 милијарди долари.

error: Content is protected !!