Како од произведување козји сапун за само 24 часа станала милионерка

Фармацевтот Danielle Di Pilla направила сапун од свежо козјо млеко кој бил наменет за лица со кожни болести и станала милионерка “преку ноќ”.

Di Pilla преку еден австралиски аутлет трговски центар својот производ го пробила на кинескиот пазар каде за само 24 часа е продаден во 350 000 парчиња сапун и така заработила 1 милион долари, пренесува news.com.au.

Таа го искористила „Singles Day“, таканаречениот кинески празник за шопинг на популарната страница Alibaba и буквално станала милионерка преку ноќ.

Производот го смислила во 2011 година, а сега има 12 вработени и нуди повеќе од 40 различни производи за нега на кожа.

error: Content is protected !!