Најбогатите Словенци го продаваат Outfit7 за 600 милиони долари

Iza и Samo Login, мнозинските сопственици на словенечката компанија Outfit7, која ја направи играта Talking Tom за мобилeн телефон, се спремаат за продажба на компанијата, сакајќи да го искористат бранот на превземање што се случува кај производителите на софтвер од забавен карактер, пишува Bloomberg наведувајќи анонимни но добро упатени извори.

Во врска со продажбата на Outfit7 нив ги советува американската инвестициска банка Goldman Sachs, што го привлече вниманието на другите произведувачи на мобилни игри и апликации, рекоа изворите на Bloomberg, наведувајќи дека вредноста на словенечката компанија регистрирана во Лондон може да достигне 616 милиони долари.

Словенечкиот магазин Manager кој и оваа година семејството Login го стави на врвот на листата на најбогати Словенци, смета дека Outfit7 би можел да вреди дури 1 милијарда евра, Outfit7 заработува преку огласување и купување преку апликацијата. За да ја искористат популарноста кај децата Outfit7 понудата ја прошири со web видео, што е тактика што ја користи и творецот на Angry Birds

Анимираната серија Talking Tom and Friends е направена во соработка со Walt Disney. Во една верзија на играта анимираниот мачор со забавен глас го повторува тоа што корисникот го кажува, а во другите верзии корисниците ја составуваат виртуалната слагалица или ги водат ликовите преку препреки.

Основан е во 2009 година, Outfit7 во своето портфолио има бесплатни мобилни апликации и игри, анимирани видеа и лиценцирани производи поврзани со игрите. Апликацијата Тalking Tom and Friends превземена е повеќе од пет милијарди пати, а има 300 милиони активни корисници месечно, што ја носи во категоријата каде припаѓа Twitter со 313 милиони корисници.

Outfit7 има и околу девет милиони претплатници на YouTube , а видео содржините се прикажани околу 9,4 милијарди пати. Според податоците од компанијата, на ниво на групација лани се остварени околу 108 милиони евра приходи од продажба, додека година дена порано тој приход изнесувал 79 милиони евра, односно 80 милиони евра чиста добивка (година дена порано 60 милиони евра). Сопствениците кои ги има 120 на број (Iza и Samo Login држат околу 60% од уделот) минатата година е исплатено околу 74 милиони евра дивиденда а година порано околу 39 милиони. Holding Outfit7 Investments Limited има седиште во Лондон и е даночен обврзник на Кипар. Има 14 компании ќерки во Лондон, Љубљана, Кипар, Швајцарија, Јужна Кореја, Хонгконг, Кина и САД.

Оваа година на светско ниво се склучени договори во врска со софтверот за забава, во вредност од 22 милијарди долари највеќе во последните 12 години пишува Bloomberg.

Во Јуни кинескиот Tencent вложил 8,6 милијарди долари во аквизиција на Supercella творец на игрите Clash of Clans, Boom Bich i Hay Day. Caesars Entertainment го продаде Playtika, компанија за казино online игри за 4,4 милијарди долари.

error: Content is protected !!