Урбани градини за зелени градови
Досега, растот и развојот на градовите со себе носеше борба со природата и обид за нејзина доминација. Еден производ на оваа борба е отуѓувањето на луѓето од природата, отсликано и во меѓучовечките односи.
Но, тоа не е нужно зло.
Пермакултурата како систем на алатки за еколошки дизајн на одржливи системи, нуди многу можности и долгорочни решенија за создавање одржливи земјоделски продуктивни, и незагадени, здрави населби. Еден нејзин аспект се колективните урбани градини, односно растење и одгледување храна во градовите, со минимален напор. Овој концепт не претставува бегство од градовите, туку нивна симбиоза со природата, а со тоа и повторно оживување на чувството на заедништво и споделување.
Какви се шансите оваа идеја да се примени во нашите градови, наспроти проблемите со кои се соочуваме (загаденост, инфраструктурни проблеми, недостаток на погодна земја)?
Преку оваа презентација ќе се запознаат основните идеи на пермакултурата и ќе се истражат можностите и предизвиците за создавање одржлива заедница во современиот контекст на нашето поднебје.
За презентерот: Јан Зијлстра доаѓа од Холандија. Долги години патувал, работел и живеел во Европа, Азија, Австралија, Централна и Јужна Америка. Престојувањето во природа и средбите со луѓе од разни култури и средини го направиле свесен за тоа дека треба колективно да се посветиме на поодржлив начин на живот. Тој е ученик на Бил Молисон и Џеф Лотон, зачетниците на пермакултурата, и работи во областа на одржлив развој, пермакултурен дизајн и градење со природни материјали. Денес е дел од Кален – платформата за личен развој и одржливи начини на живот.
22 ноември од 19 часот во Кино Култура