Apple со најголем пад на приходите во последните 15 години
Apple уште на почетокот на годината се спремаше за првиот пад на продажбата на годишно ниво уште од 2001 година. Прогнозите кои одеа во таа насока се покажаа во сите 11 месеци во 2016 година како точни. Па така за фискалната година Apple објави приходи од 216 милијарди долари што е 18 милијарди долари полошо од пред една година.
Интересно е што баш продажбата на iPhone е послаба за 18 милијарди долари во однос на 2015 година. И тоа се наметнува како главна причина за падот, но не и единствен. Проблемот е во фактот што 2015 година се наметна како рекордна година благодарение на iPhone моделите со поголем дисплеј кои беа претставени во септември 2014 година. Беше за очекување дека рекордите не можат константно да се рушат и дека ќе дојде до стагнација. Затоа во Apple гледаат напред, а сега треба да се види што имаат испланирано за следната година.
Секако во Apple секогаш можат да се пофалат со невидениот успех во нивната корпоративна историја- за само десет години од нула стигнаа до 150 и повеќе милијарди долари приходи. Но заостануваат по прашањето на кое покојниот Steve Jobs постојано го повторуваше а тоа е дека Apple во секој момент мора да има три профитабилни производи.
Во моментов тоа се iPhone и Mac, со тоа што нивните успеси на пазарот сепак не можат да се споредуваат. Во пад веќе трета година по ред е iPad a iPod e одамна “пензиониран”. Можеби идината е во cloud и streaming услугите, а можеби Apple сите нас ќе не изненади уште еднаш со некоја иновација.