IFail: Втора конференција за неуспесите на успешните

За втор пат во Македонија, јавноста ќе има можност да чуе за грешките и неуспесите на успешните луѓе преку настанот iFail (Јас грешам). Честопати слушаме за приказните на успешните луѓе и како тие во моменти на криза донеле правилна одлука која ги одвела до успехот.

Идејата за овој настан потекнува од Мексико Сити во 2012 година каде пет претприемачи биле заситени да слушаат за успесите и одлучиле да ги споделат своите грешки (Fuck ups). Денес, FuckUpNights се одржува секој месец низ повеќе од 100 градови и на секој континент од светот, освен Антартик.

На настанот ќе слушенете од:
* Петар Лазаров, ко-сопственик на Македонија Експорт и Македонија-Експорт Консалтинг.
* Нина Ангеловска, извршен директор и ко-основач на Grouper.mk
* Кирил Колемишевски, адвокат и основач на „Колемишевски и партнери“ (познат како член на Нокаут).

Секој учесник има 7 минути и 10 слики да говори за својата грешка.

По завршување на сите презентации, следуваат прашања и вмрежување.

Дојди, слушај, прашај и инспирирај се!

***Настанот е јавен и бесплатен. Нема купување на карти/регистрација. За да си обезбедите столче дојдете на време- принципот е „прв дојден-прв услужен“ ***

Датум: 1 декември (четврток) од 19-21 часот

Локација: Јавна Соба

error: Content is protected !!