Product (Re)Design for Start-Ups

NewMan’s Business Accelerator

Огромно задоволство ни е што ќе имаме можност да креираме и дизајнираме иновативни производи и услуги за потребите на СТАРТ-АП ТИМОВИТЕ и МЛАДИТЕ ПРЕТПРИЕМАЧИ од Македонија заедно со Рана Чакрабарти, главниот дизајнер за иновативни кориснички искуства на гигантот SAP од канцеларијата во Пало Алто, Калифонија.

Ако веќе подолго време работите на доусовршување на карактеристиките на вашиот старт-ап производ и се уште не сте сигурни дека ја имате вистинската комбинација после работилницата со Рана ќе имате јасна слика што треба да направите за да понудите одлично корисничко искуство и да развиете глобално конкурентен производ.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
1. За Стартап компании и Стартап тимови кои сакаат да го дефинираат или унапредат својот производ
2. За Претприемачи со идеја за нов произод или услуга

ШТО ДОБИВАТЕ?
– Можност да стекнете искуство како се креираат кориснички мапи и сценарија за одлични искуства
– Чекор по чекор да го преиспитате секој аспект на вашиот производ и да ги откриете проблематичните точки
– Да развиете атрактивна приказна за проблемот што го решава вашиот производ

АГЕНДА:
– 8ми декември 2016 година од 09:00 до 16:00 часот
– 9ти декември 2016 година од 09:00 до 11:30 часот

ПОВЕЌЕ ЗА МЕНТОРОТ:
– Rana Chakrabarti, Experience Designer / Дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP (Palo Alto, California). Рана ужива да дизајнира корснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој Рана ги води компаниите при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.

ЦЕНА:
1. Стартап тимови – 1200 денари
2. Претприемачи индивидуалци – 600 денари
* Доколку се уште немате извори на приходи и ви треба ослободување од надомест пишете порака во Inbox

Во цената е вклучено:
– Освежување и кетеринг за време на настанот

Пријавување на: http://bit.ly/productdesignstartups
Местата се ограничени!

Обуката е реализирана од страна на ЊуМенс Бизнис Акцелераторот во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.

ДЕТАЛНА АГЕНДА:

Четврток (8ми декември)
9:00-9:30: Introduction to XT and XD
9:30-9:45: Warm up: teamwork
9:45-10:15: Your X.Challenge
10:15-10:30: Cue up : Journey mapping
10:30-11:30: Map your situation
11:30-12:00: Pick an X.Moment
12:00-12:30: ПАУЗА за јадење
12:30-1:00: Define the Future Customer Job
1:00-2:00: Prototype the X.Tech experience: Product, Person or Policy
2:00-2:15: Cue : Storytelling
2:15-3:00: Storybuilding : before and after
3:00-3:30: Pitch : Storytelling
3:30-4:00: I wish / I like

Петок (9ти декември)
9:00-9:30: Introduction to Startup By Design

Обуката се одржува во просториите на ЊуМенс Бизнис Акцелератор (ул.Женевска 17б, Скопје).

error: Content is protected !!