Winter Programming Academy

Школото на Иднината организира 11 дневна Зимска Академија по Програмирање!

Зимската Академија на Школото на Иднината цели да креира интензивна академска средина преку која ученици и студенти ќе научат алгоритми, дата структури, и C++ за подготовка за натпревари, тестови, испити, или интервјуа.

-Предавањата и вежбите се поделени на нивоа што ги прави прикладни за ученици и студенти кои сакаат да се подготвуваат за националните и меѓународните натпревари по информатика;
-ученици кои сакаат да почнат со изучување на информатиката преку вовед во C++ и алгоритми;
-студенти кои сакаат да повторат или научат aлгоритми и дата структури;
-студенти и професионалци кои сакаат да се подготват за технички интервјуа кои бараат познавање од алгоритми и дата структури

Апликација: https://goo.gl/forms/N6lG7H4CTSsJWQgh2

Теми: Алгоритми, дата структури, и програмскиот јазик C++
Цена: 4800 денари (линк за плаќање: http://yes.org.mk/ShowProduct.aspx?p=130&ct=1&r=6&l=63&c=22)
Временски период: 12ти до 22ти Јануари
Локација: YES Incubator

Термини:
-Предавања: 09:00-10:30 и 11:00-12:30 часот
-Вежби: 13:00-16:00
-Дополнителни индивидуални часови: 16:00 до 20:00. Индивидуалните часови се доплаќаат дополнително и се препорачани за студенти.

Структура на Академијата:

Предавањата и вежбите на академијата се поделени на 3 нивоа:

-Почетно ниво – за ученици кои немаат или имаат само почетни предзнаења од еден од прогрмските јазици C++, C, или Java.
-Основно ниво – за ученици и студенти кои имаат познавање од еден од програмските јазици C++, C, или Java и се имаат запознаено со некои почетни алгоритми и алгоритамско размислување.
-Напредно – за ученици и студенти кои биле на претходно на натпревари, познаваат голем број на алгоритми и дата структури (динамичко програмирање, бинарни дрва и слично), и сакаат да усовршат понапредни алгоритми и да ги имплементираат на потешки проблеми од информатички олимпијади.

Ментори

Ментори на Академијата се студенти на Масачусетс Институтот за Технологија (MIT)

Бојан Серафимов

Бојан Серафимов е студент во трета година на MIT во Бостон. Бојан има 7 годишно искуство со програмирање и алгоритми. Тој има сребрен и два бронзени медали на Интернационалата Олимпијада по Информатика и два бронзени медали на Интернационалната Олимпијада по Математика од 2012 до 2014. Во летото од 2015 и 2016 Бојан работеше како практикант во Кеншо, аналитичка компанија од Бостон која работи со машинско учење за анализа на комплексни системи во бизнис и јавниот сектор. Бојан исто така е почесен претседател на Школото на Иднината како еден од неговите иницијални подржувачи.

Климент Серафимов

Климент Серафимов е студент во втора година на MIT во Бостон. Има 6 годишно искуство со програмирање и алгоритми и има освоено бронзен медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика во Тајван, и сребрен медал на Балканската Олимпијада по Информатика во Сараево. Климент е oсновач и претседател на Школото на Иднината и преку оваа образована институција цели да донесе знаење од најрeномираните универзитети во светот, како МИТ, во Македонија и на Балканот.

Мисија на Академијата:

-Да обезбеди интензивна академска средина каде што млади програмери од Македонија ќе се подготват за да достигнат повисоки резултати на претстојните натпревари по Информатика.
-Да подготви студенти за предметите по алгоритми и дата структури и за технички интервјуа со цел зголемување на нивните шанси за вработување.
-Да ги научи учесниците нови алгоритми и начини за решавање на алгоритамски проблеми и загатки.
-Да овозможи платформа каде што талентирани средношколци ќе соработуваат и учат заедно.
-Да стимулира инклузивна научна младинска заедница во Македонија.
-Да мотивира млади талентирани ученици понатаму да го откриваат светот на информатиката.
-Да ги поврзе младите програмери од Македонија со локални бизниси и образовни лидери со цел овозможување на понатамошно менторство за учесниците.

Стипендии:

Дополнително, учесниците кои ќе се примени ќе може да аплицираат за стипендија. Стипендиите ќе бидат доделени со намера да се излезе во пресрет на потенцијалните млади програмери кои можеби доаѓаат од економско ранливи групи. За ваквата можност, ве молиме исконтактирајте не дополнително.

Контакт:

Електронска пошта: centerofthefuture@gmail.com

Facebook страна: www.facebook.com/schoolfuture

Телефон: 070 324 824, Климент Серафимов

error: Content is protected !!