Snap го превзема стартапот за проширена реалност Cimagine Media
Snap компанијата што ја создаде популарната апликација Snapchat, ја објави својата прва голема аквизиција, и каде на друго место ако не во рајот за стартапите, Израел.
Како што известуваат израелските медиуми за околу 30-40 милиони долари, Snap го превзел локалниот стартап Cimagine Media кој е специјализиран во технологијата за проширена реалност.
Cimagine ја разви апликацијата True Markerless Augmented Reality која овозможува виртуелно сместување на мебелот и апаратите од домаќинството во просторот- за купувачите пред купувањето да можат да видат дали и како ќе се вклопи во домот. Оваа компанија после завршувањето на аквизицијата ќе биде “претопена” во Snap и ќе стане нивен истражувачки центар сместен во Израел, од сегашните 20 луѓе значително ќе се прошири под раководство на новите сопственици.
Snap, според извештаите, гo има купено Cimagine Media првенствено поради талентот, а технологијата за виртуелно купување не билa примарнa. За проширената реалност, е повеќе од сигурно дека ги интересирала бидејќи некој од сегашните функции на Snapchat (како разните фото филтри) се потпираат на AR.