На еврото му давам највеќе 5 години

Британскиот финансиски експерт Jim Mellon, за кого зборуваат дека е англискиот пандан на Warren Buffett, човекот кој го предвиде Брегзит, сега предупредува на последиците од референдумот во Италија што ќе ги има Европа.

Како што се очекуваше италијански премиер Matteo Renzi убедливо беше поразен на референдумот за уставот по што поднесе оставка. Jim Mellon првиот човек на Burnbrae Group, уверен е дека победоносниот поход на популистите против естаблишментот ќе продолжи, а еврото ќе пропадне во рок од неколку години.

Тој истакнува дека проблемите во Европа “ќе бидат се повеќе очигледни”. Еврото е многу несмасен механизам. Му давам на еврото од една до пет години живот” изјави тој, додавајќи дека еврото” во некој момент во текот на следната година (2017 година) ќе падне значително под паритетот со доларот

Mellon на време го предвиде скокот на каматите на светскиот пазар на обврзници па затоа ги продаваше. “Продадов многу државни обврзници оваа година, практично од сите земји, а првенствено италијанските”. Поради стравувањата дека Renzi може да биде поразен на референдумот и дека следната година новата влада ќе тежнее за излез на Италија од еврозоната, а каматите на италијанските обврзници минатите месеци наагло пораснаа. Дури кога беше објавено дека Европската централна банка во случаj на турбуленции ќе купи значително повеќе италијански обврзници каматите значајно паднаа.

Италијанскиот јавен долг соборува рекорди, последниот пат изнесувал 2,25 трилиони евра или 135,5% од БДП, што е втор најлош резултат во еврозоната, кој е прв сигурно знаете.

Освен презадолженоста, инвеститорите ги загрижува и големиот број нефункционални кредити на италијанските банки, кои изнесуваат околу 360 милијарди евра, околу 18% од вкупниот кредитен волумен.

Mellon е загрижен што многу инвеститори во очајната потрага за приходи изминатите години се повеќе вложуваат во долгорочни обврзници. Кога ќе дојде до промена на висината на каматата, падот на курсот е најголем кај долгорочните хартии од вредност.” Секој кој учествува на овој луд пазар на обврзници мора да знае дека е изложен на голем ризик од каматните стапки” истакнува тој.

Nick Giambruno аналитичар на Casey Research, предвидува мрачна иднина на италијанските банки. “Италијанскиот банкарски систем е една голема кула од карти” напиша тој. Италијанскиот банкарски систем е банкрот. Вредноста на акциите на поголемиот број италијански банки паднала за повеќе од 50%”, кажува тој. Нефункционалните кредити имаат удел од 18% од кредитниот волумен.”Спротивно на ова во Франција оваа бројка изнесува 5% а во САД само 2%”

Giambruno предупредува дека Италија е трета економија во еврозоната. “Ако Италија излезе од еврозоната, тоа ќе има ист психолошки ефект како во театар некој да викне “пожар”! Останатите земји пред се Франција- брзо ќе истрчаат накај излезот и ќе ги вратат своите поранешни валути” смета Giambruno. Освен тоа, следната година се оддржуваат избори во неколку земји , каде што популистите би можеле да победат. Во март 2017 година ќе бидат изборите во Холандија, во април претседателските избори во Франција. “Еврото е економскиот лепак кој ја држи Европа заедно. Без него економските врски ќе ослабат и целиот европски проект ќе биде потресен оценува овој експерт.

Со БДП од 14,6 трилиони евра Европската унија во 2015 година била втората економија на светот, од тоа 10,4 трилиони евра припаѓаат на земјите кои го користат еврото” Ако европската унија колабира тоа ќе предизвика незапаметен крах на пазарите на хартии од вредност. Референдумот во Италија затоа беше толку важен  затоа што стануваше збор за бутната домино плочка” кажува Giambruno.

error: Content is protected !!