Извозот од Македонија е зголемен за 5,4% во периодот јануари-ноември 2016 година

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари- ноември 2016 година, изнесува 3 927 536 илјади евра, и бележи пораст од 5.4% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5 511 280 илјади евра што е за 5.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари- ноември 2016 година, изнесува 1 583 744 илјади евра.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-ноември 2016, изнесува 71.3%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари-ноември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Од вкупниот извоз од  3 927 536 илјади евра дури 3 151 057 илјади евра е извоз кон членките на ЕУ. Инаку извозот кон ЕУ за е за скоро 10% поголем во однос на претходната година, кога изнесувал 2 871 924 илјади евра.

Германија е земјата со која Македонија има најголема трговска размена при што извозот од Македонија кон Германија изнесува за периодот јануари-ноември изнесувал 1 850 060 илјади евра а увозот 685 602 илјад евра.

error: Content is protected !!