Соларната енергија стана поевтина од фосилните горива

Иднината во обновливите извори на енергија ќе дојде во моментот кога вградувањето на нови соларни панели ќе стане поевтино од вложувањето во јаглен, природен гас или други опции. Според Светскиот Економски форум (World Economic Forum, WEF) тој ден пристигна.

WEF во декември објави дека соларната енергија и енергијата од ветер имаат иста цена или дури се и поевтини од новите капацитети на фосилни горива во повеќе од 30 земји во светот. Со оглед на тоа дека нивната цена и понатаму драстично паѓа, две третини од сите нации, во наредните неколку години ќе дојдат до точката која се вика мрежен паритет. Мрежниот паритет се однесува на временската точка во која технологијата во развој произведува електрична енергија за иста цена како и традиционалната технологија.

“Обновливите извори на енергија го достигнаа својот врв” – рече Michael Drexler кој е задолжен за инфраструктура и развој на вложувања во WEF.

Во 2016 година додадени се 9.5 гигавати (GW) во вид на фотонапонски капацитет во мрежата на САД, со тоа сонцето стана главен извор на енергија по прв пат во календарската година, според проценките на US Energy Information Administration. Во таа година во САД пуштени се во погон двојно повеќе соларни панели во однос на годината пред тоа, објави Solar Energy Industry Associtaion.

Приказната за соларната енергија станува уште поимпресивна откако беа дистрибуирани соларни панели на стамбените и деловните згради, каде што вкупниот инсталиран капацитет изнесува 11,2 GW.

Сепак глобалните вложувања во обновливите извори на енергија сеуште заостануваат далеку под нивото кое е потребно за да би се избегнало потенцијалното катастрофално глобално затоплување според UN. Глобалните инвестиции во обновливите извори на енергија изнесувале 286 милијарди долари минатата година, што претставува удел од 25% од таргетот поставен од UN, со Париската спогодба за климатски промени. Препреките за вложување не се само од економска природа туку и од политичка, а една од главните препреки се договoрите кои не се стандардизирани пренесува WEF.

На крајот се предвидува дека цената на соларната енергија ќе падне на пола од цената на електричната енергија од јаглен или природен гас во следните 10 до 20 години, а на некои подрачја веќе е падната. Енергетската компанија Solarpack во август договорила продажба на соларна струја во Чиле за само 29,1 долар по мегават час што е за 58% помалку од цената на енергијата од постројките на земјен гас.

error: Content is protected !!