Ефектот Трамп: S&P 500 и Nasdaq го достигнаа највисокото ниво во историјата

На Wall Street во петокот, индексите на S&P 500 и Nasdaq го достигнаа највисокото ниво во историјата, благодарение на надежда на вложувачите дека плановите на ново избраниот претседател Donald Trump ќе ја стимулира економијата.

Dow Jones порасна за 0,32% на 19.963 поени, додека S&P 500 порасна за 0,35 % на рекордни 2276 поени, а Nasdaq индексот за 0,60%, на рекордни 5.521 поени.

Освен што индексите на S&P 500 и Nasdaq скокнаа на рекордно ниво, во еден момент Dow Jones по прв пат во историјата достигна 19.999 поени, но покасно падна на пониско ниво.

Така, продолжи растот на цената на акциите што е темелен на оптимизмот на вложувачите дека плановите на Trump за намалување на даноците, зголемување на фискалната потрошувачка, вложувањето во инфраструктура и олабавувањето на регулацијата во некои сектори ќе го забрза растот на економијата.

“Растот е разбирлив, затоа што вложувачите се оптимисти во врска со економските стимули што Trump ги вети кога ќе влезе во Белата куќа” кажува Sam Stovall, стратег во компанијата  CFRA.

Во девет од 11 најважни сектори во S&P 500 индексот, цените на акциите вчера пораснаа, а најмногу во технолошкиот сектор за 0,96 %.

Пазарот на труд во добра форма

Позитивно на пазарот влијаеа и податоците за вработување во САД, кои се нешто послаби од тоа што аналитичарите го очекуваа, но покажуваат дека пазарот на работна сила и понатака е во добра форма.

Следната недела почнува сезоната за објавување на кварталните деловни резултати од компаниите, што би требало да покаже дека ситуацијата во корпоративна Америка се подобрува.

Во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека заработките на компаниите кои се дел од S&P 500 индексот, во четвртиот лански квартал пораснаа за 6,1% во однос на истиот период година дена порано, кога заработките беа под притисок на слабостите во енергетскиот сектор поради ниските цени на нафтата.

Во претходната недела Dow Jones порасна за 1% , додека S&P 500 порасна за 1,7%, а Nasdaq индексот за 2,6%.

И на европските берзи цената на акциите вчера пораснаа. Лондонскиот FTSE индекс порасна за 0,20% на рекордни 7.210 поени, додека франкфуртскиот DAX порасна за 0,12% на 11.599 поени, а парискиот CAC за 0,19% на 4909 поени.

error: Content is protected !!