Четирите прашања што ќе ти го променат животот

3.Што ќе направиш и како ќе го направиш тоа?

Ние сме тоа што постојано го правиме. Така, извонредноста, не е дејство, туку навика.” —Аристотел

Целта и страста се битни за креирање на твојот најдобар можен живот. Сепак, целта и страста без план се само фантазија. Кога нашите соништа се спојуваат со реалноста, реалноста победува. Сонот станува повеќе од илузија кога целите се поставени и навиките што го поддржуваат тоа се формирани. Има јаз помеѓу знаењето каде си и каде сакаш да бидеш. Твојот план е мостот што ги поврзува тие две работи.

Што би сакал да правиш, а не го правиш моментално? Што го отежнува твојот напредок? Кои чекори денес ќе ти помогнат да стигнеш таму каде што сакаш да бидеш утре? Дали твоите дневни акции допринесуваат за тоа?

4.Кои се твои сојузници и како можат тие да ти помогнат?

Двајца е подобро од еден бидејќи тие имаат подобар поврат за нивната работа: доколку еден падне, неговиот пријател може да му помогне. Но жали го тој што паднал, а нема кој да му помогне.” —King Solomon (Ecclesiastes 4:9-10)

Нашето патување понекогаш изгледа дека е осамено, но тоа не е работата. Ние можеме да ги собереме силните страни, забелешките и мудроста на тие што се околу нас. Нашата тенденција е да се победиме себеси за тешкотиите или за отсуството на сите одговори. Нашата природна реакција за време на тешки моменти е да се повлечеме и изолираме себеси.

Но, тогаш најмногу ни се потребни нашите заеднички поддржувачи. Доколку си во опасност од давење во океан, дали ќе викаш спасувач или ќе започнеш да се каеш за сите часови по пливање што не си ги земал? Не само што е убаво, туку и битно да имаш заеднички поддржувачи што се проникливи, корисни и помагаат.

Големината започнува со комплетно разбирање за себеси. Тоа се нарекува позитивна вообразеност.Разбирањето на себеси ти дозволува да ги менаџираш твоите силни страни и слабостите да не ти го одвлекуваат вниманието.

Овие четири прашања никогаш не стареат. Тие само растат подлабоко. Тие те одржуваат на патеката да го извлечеш најдоброто од животот. Тие помагаат информацијата да се претвори во трансформација.

Како инвестираш во себеси? Што правиш денес што ќе ти донесе одлични придобивки утре?

error: Content is protected !!