Четирите прашања што ќе ти го променат животот

Што правиш за да инвестираш во себе?

Ништо не останува исто. Работитите или стануваат подобри или полоши. Ти ќе станеш или подобар или полош. Тоа е универзален принцип што започнува со самиот универзум: Тоа што не се зголемува, се намалува. Ти или се движиш напред или назад.

Stephen Covey познат по размислување од ваков тип тоа го вика острење на пилата. Кога се движиш со мал напор или без напор се создава задоцнет импулс и затоа користиш повеќе напор за да оствариш помалку.

Како можеш, да развиеш живот што ќе ти го даде најдобриот поврат на твојата инвестиција? Што правиш за да инвестираш во себе?

Следуваат 4 прашања кои ќе ве позиционираат да имате одлични придобивки. Добрите прашања не носат до информациите. Одличните прашања не носат до трансформацијата.

1.Кој си ти и што сакаш?

Бродот на пристаниште е безбеден, но таа не е намената за која се изградени бродовите.—William Shedd

Сите ние доживуваме имагинативен ќор-сокак. Тоа е местото каде што си заглавен и не ти дозволува да одиш по твоите најзначајни стремежи. Лесно е да свртиш во безбеден режим и да продолжиш да живееш според сценаријата што си ги одбрал. Следниве прашања ќе ти помагнат да започнеш со чиста мисла. Што сакаш? Кои се твоите силни страни? Кои се твоите страсти? Како овие две се споени во тоа што го правиш? Дали тие се рефлектираат во твојот распоред?

2.Каде си ти и зошто си таму?

Можеме да му простиме на дете кое се плаши од темнината. Вистинската трагедија е кога возрасен се плаши од светлината.” Платон

Ако се обидеш да симнеш насоки за патување, системот за навигација нема да започне додека не ја внесеш почетната точка. Кога ќе креираш животна мапа, ти подобро ќе разбереш како си стигнал на местото каде се наоѓаш. Ќе можеш да се надградуваш и развиваш на добрите избори и јасно да видиш зошто некои не биле толку продуктивни—индектификувајќи  ги погрешните системи за мислење и однесувања. Прво откриј ги фактите, потоа соочи се со нив. Ние не можеме да го менаџираме тоа што не го знаеме.

Каде си ти во однос на тоа каде сакаш да бидеш? Креативната тензија помеѓу твојата визија и твојата моментална реалност ќе започне да те турка во вистинската насока. Кога знаеш каде си, откриваш дека е многу полесно да стигнеш таму каде што сакаш да одиш. (продолжува на следна страна)

error: Content is protected !!