Andrew Carnegie најбогатиот човек на 19-от век и првиот филантроп во светот
Andrew Carnegie атласот на Американските челичарници, ”Carnegie STEEL CORPORATION”, најбогатиот човек на 19-от век и првиот ФИЛАНТРОП во светот.
Карнеги е роден на 25 ноември 1835 година во Dunfermline Шкотска, од син на сиромашен шкотски чевлар ќе прерасне во најбогатиот фабрикант на Америка. Ова е неговата приказна.
Карнеги, на свои 13 години пристигнал во Америка со неговата фамилија во 1848 година и се населиле во Allegheny, Pennsylvania. На 13 години, како дете се вработил во предилница за памук, и работел од УТРО до МРАК за плата од 1,2 $ неделно. После една година се вработил како помошник телеграфист во една локална телеграфска компанија, каде добро ја научил опремата и работата и бил унапреден во телеграфски оператор.Со тие веќе стекнати вештини се вработил како телеграфист во железничката компанија Pennsylvania Railroad на сопственикот Том Скот.
Карнеги бил исклучетелно амбициозен, и неколку години посветено читал разни книги од локалната јавна билиотека, (која била раритет во тоа време) и тоа бил неговиот начин за надоместок на своето ниско образование. Почнал да напредува во кариерата ја стекнал довербата од основачот на Pennsylvania Railroad и станал одговорен шеф за западниот сектор на Pennsylvania Railroad. Започнал да заработува добро и почнал да штеди голем дел од својата заработувачка. Почнал да се интересира за разни бизниси, купувал по малку акции, продавал и правел одредени профити. Едноставно превземал деловен ризик како секој eден чинител во капитализмот и правел профит.
На свои 30 години почнал да се интересира за железната руда и ЧЕЛИКОТ кој тогаш бил новитет и се користел само за пругите. Во 1865 година ја основал KEYSTONE BRIDGE COMPANY која набрзо прераснала во најпозната американска компанија за изградба на мостови. Започнал да работи на најпознатиот мост, мостот Eads Bridge во St. Louis, на реката Мисисипи и воедно тоа бил ПРВИОТ ЧЕЛИЧЕН МОСТ ВО СВЕТОТ. Мостот бил изграден во 1874 година а целиот челик бил набавуван од помали челичарници кои не можеле во големи количини да ги задоволат потребите и изградбата на мостот се одвивала бавно.
После завршувањето на мостот, Карнеги ја основал првата своја челичарница во 1875 година во Braddock, Pennsylvania. Ја искористил вертикалната интеграција за свој бизнис успех. Направил револуција и технички напредок околу печките и технологијата на топење руда и создавање челик. Ги скратил трошоците за производство на челик и драстично го зголемил производството. Со тоа биле поставени темелите во 1892 година на неговата CARNEGIE STEEL CORPORATION која станала огромен гигант во челичната индустрија со купување на останатите челичарници. Карнеги сфатил дека челикот е иднината на градежништвото.
Карнеги го изградил првиот ОБЛАКОДЕР во Чикако, познат како Carnegie Steel Building , објект кој бил чисто челична конструкција, и имал 13 нивоа и бил висок над 55 метри. До тој момен во Америка не постоела повисока зграда од 3 до 4 ката. Така почнуваат да никнуваат облакодери низ цела Америка. Така почнува да се гради Америка. Карнеги и Американскиот капитализам создаваат нова можност за Американскиот станбен простор и експанзија. Carnegie Steel Corporations произведувала милиони тони на челик со која била градена Америка и воедно првите воени бродови за Американската армија се дело на Карнеги.
Во 1901 година, Карнеги ја продава својата компанија на J.P Morgan за тогашни неверојатни 480 милиони долари (тоа се 309 МИЛИЈАРДИ долари во денешна вредност) и со тоа станува најбогатиот човек во светот и во својата старост станува првиот филантроп, од својата 65 година почнува да живее помагајќи на другите. Создава 2509 јавни библиотеки , вложува во образованието и науката. Донира над 130 милиони тогашни долари, за развој на разни научни пронајдоци, од медицина до техника. Едноставно донира милиони долари за да ги направи САД и светот уште подобри места.
“To try to make the world in some way better than you found it is to have a noble motive in life.”- Andrew Carnegie
Andrew Carnegie , Атлас на Американзимот, просперитот и Американскот Капитализам.
Мартин Димоски