4 знаци кои покажуваат дека сте спремни за промена

Сите ние сакаме сигурност. Истражувањата покажаа дека нашиот мозок сака да знае што може да очекува и често имаме сколоност да одбереме помалку посакувана опција само затоа што ни изгледа позната.

Како да знаете кога е време да ја напуштите сигурноста? Кога е време за промена? Многу често баш тогаш кога се чувствувате лошо и како да немате каде да идете. Еден експерт за овие прашања за сајтот “Success” наведува дека ова се најчестите знаци дека сте спремни да направите промена во вашиот живот. Без разлика дали станува збор за премин во претприемништво или завршување на долга и мачна врска.

Непријатност

Непријатноста е моќна емоција. Наместо да бегате од неа, запрашајте се зошто е тука. Многу е веројатно дека ќе научите нешто ново за себе, кога се наоѓате во непријатна ситуација. А тоа се совршени услови за раст и напредок. Секогаш сакаме непријатноста што побрзо да исчезне. Наместо тоа треба да пробате да ја искористите. Таа нека биде почетна точка и извор на енергија за нешто ново. Сфатете го тоа како тест за нешто, за кое никогаш не сте го сонувале.

Ви се менуваат приоритетите

Многу одлуки кои сме ги донеле во животот биле добри за тој одреден момент, но времињата и околностите се менуваат поради тоа би требало и нашите одлуки. Тоа што некогаш вас ви претставувало задоволство и среќа, не ви претставува сега. Дали е тоа зошто вашиот систем на вредности е променет? Или сакате нешто повеќе? Во еден момент ќе сфатите дека сте на некое место, работна позиција, сте го дале својот максимум и дека сте спремни за нови предизвици, да се радувате на идните авантури и градење кариера на пример.

Старите одговори веќе “не држат”

Имате чувство како да удирате со глава во ѕид. Сето тоа што некогаш добро функционирало веќе не функционира. Исто како тоа што некогаш ве исполнувало веќе не ви ја полни празнината и во вас се јавува одредена фрустрација. Наместо тоа да го доживеете како неуспех, гледајте на тоа како на добра шанса за промена. Научете нешто ново, пробајте нова стратегија и поврзете се со другите. Менувајте се и адаптирајте се во вакви ситуации.

Немате каде да ги примените новите идеи

Често за најдобрите идеи треба време. Истражувањата покажаа дека големите умови не доаѓаат до генијални идеи на прва, ниту во последните пет минути. Тие се во средина и ги пуштаат идеите да се развиваат и полека да влегуваат во акција. Не треба да бидете фрустрирани доколку вашите идеи не можат моментално да се применат. Работете на нив и грижливо чувајте ги чекајќи го нивниот момент.

Во секој случај водете сметка одлуките да не ги донесувате кога сте многу емотивни, како кога е во прашање развод, промена на работата или фамилијарна загуба. Тогаш најверојатно ќе делувате според вашите моменталните чувства. Вашата голема промена треба да биде добро испланирана со смирени мисли.

error: Content is protected !!