Од сиромашно дете до сопственик на империја со железници во САД

Cornelius VANDERBILT – Commodore е првиот Атлас на американскиот капитализам self-made милионер. Еве и зошто, Вандербилт со прекар Комодор е дефиниција и најдобар пример за поимот претприемач кој истовремено бил со скоро никакво образование, но понатаму и заслужено ја добива титулата тајкун на империјата со железници во САД. Но тоа е во неговиот подоцнежен живот, а не на неговиот почеток.

Корнелиус Вандербилт е роден во 1794 година, во многу сиромашно семејство на дански доселеници кои се доселиле во Америка во 1650 година. Со неговата фамилија живеел во Порт Ричмонд на островот Staten Island, New York. Со неговиот татко работеле на превоз на стока со мал брод помеѓу Staten Island на кој живееле и Менхетен. Уште на 16 години, со заем од својата мајка од 100$ започнал свој личен бизнис со своето бродче да пренесува карго и притоа нудејќи најевтина услуга но и најбрза, за кратко време и ги вратил на мајка си 100-те долари заем и заработил додатни 1000 долари.

После две години работа веќе можел да врши и услуги за Владата за време на војната во 1812 година (војната помеѓу САД и Обединетето Кралство). Наредните неколку години заработил и заштедил доволно пари за да може да изгради посериозна флота на бродови. И веќе на свои 24 години го добил прекарот COMMODOR ( Комодор) бидејки управувал со најголемата флота на транспортни бродови кои пловеле во реката Хадсон. Во својата флота ги гради првите парни бродови, кој најголемиот меѓу нив, наречен Вандербилт кој тогаш чинел 1 милион долари и го подарува на армијата на Унијата за време на Американската граѓанска војна.

После војната , за време на златната треска, почнува да се интересира за копнениот транспорт, поточно почнува да се интересира за железниците. На свои 70 години ГИ ПРОДАВА СИТЕ БРОДОВИ и влегува во бизнисот со железници, ја купува тогашната New York & Harlem Railroad, после една година ја превзема и Hudson River Railroad. Со неговото превземање неколку железници, тотално го модернизира транспортот од Чикаго до Њу Јорк и целиот тој северен регион околу Мичиген и големите езера. Воведува интеррегионален железнички систем, гради паралелни пруги, драстично го скратува времето на транспорт и цената. Едноставно гради ИЛЈАДНИЦИ километри железнички линии низ САД. Самиот Вандербилт е главен фактор за градењето на Manhattan’s Grand Central Depot, во 1871 година, оваа станица постои и ден денес, и е срцевина на транспортот во Њу Јорк.

Ова е еден епски пример на капиталистички успех, од сиромашно момче со еден брод на весла да стигне до тајкун на железниците, и човек кој ќе ја изгради и поврзе Америка. Истиот Вандербилт му помага и на Рокфелер да ја изгради неговата империја.
Корнелиус Вандербилт Комодор умира на свои 82 години со богатство од 150 милиони долари кои денес се еднакви на 215 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ.

Почит за Cornelius Vanderbilt Commodore, Атлас на Американизмот и американскиот капитализам!

Мартин Димоски

Уште еден пример дека капитализмот е најсовршеното можно уредување најблиску до човечкиот нарав за напредок и богатство.

error: Content is protected !!