Стартапи од цела Македонија, обединете се!
Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија да ни се приклучат на стартап дискусија во вторник, на 07.02.2017 во инкубаторот! Oвој настан е дел од Startup Europe Week – Skopje 2017. #SEW17
Регистрација на: https://www.eventbrite.co.uk/e/startup-macedonia-the-importance-of-diverse-interconnectivity-tickets-31723887000
Време е да им дадеме глас и на стартапите од другите градови, не само од Скопје. Има фантастична стартап сцена во Македонија и сакаме да ја запознаеме и здружиме.
Голема чест ни е да ги претставиме како гости:
– Петар Котевски, основач на KAMAi MEDIA и член на Македонска асоцијација за развивање игри – МАГДА, oд Битола;
– Благоја Стојчевски, ко-основач на Тримод Тим, од Битола;
– Резервирај.мк, прилепчани и еден демирхисарец што работат во Скопје;
– Гого Рафајловски од SEEU TechPark, од Tетовo.
Ќе има и презентации од:
– Microsoft Macedonia кои ќе ја претстават својата BizSpark програма за стартапи. Преку оваа програма стартапите можат да аплицираат за бесплатен софтвер.
– Студентската организација AIESEC Macedonia која ќе ја претстави својата програма за глобално претприемаштво. AISEC сака да отвори соработка со македонски стартапи за практикански позиции на младите претприемачи.
Настанот „Startup Macedonia – the importance of diverse interconnectivity“ се организира во рамките на Startup Europe Week – Skopje 2017.
Eвропската стартап недела завршува во петок, на 10.02 кога ќе има голема конференција. Детали > https://www.facebook.com/