Неверојатната работна етика на моќните лидери

Работа од рано наутро, до доцните вечерни часови, викенди…Талентот, врските, и секако парите можат да ви помогнат да стигнете каде и да сакате, но тие работи сами по себе не значат многу, затоа што мора да работите напорно ако сакате да бидете вистински успешни.

И покрај нивната очигледна дарба, успешните луѓе како Kobe Bryant, Tim Cook, и Sheryl Sandberg не би биле таму каде што се ако немале напорна и помалку лудачка работна етика, пишува сајтот inc.com

Еве интересни приказни за 9 луѓе на кои напорната работа и тоа како им се исплатела на крајот:

1.Директорот на Apple, Tim Cook, обично денот го започнува со пишување мејлови од 4:30 наутро.
Тој отсекогаш бил воркохолик, а Fortube пишува дека започнува со праќањето мејлови од 4:30 наутро. Медиумите за него пишуваат како прв доаѓа во канцеларија и како последен си oди дома. Понекогаш дури оддржува состаноци во недела вечер како би се припремил за понеделник.

2.Mark Cuban, на пошироката јавност е познат како сопственик на “Dallas Mavericks”, тимот кој се натпреварува во NBA лигата, не отишол на одмор 7 години откога го започнал својот прв бизнис. На прв поглед изгледа како успехот на Mark Cuban e резултат на среќа. Ја продал својата прва компанија на врвот на својата вредност и влегол на пазарот на технолошки акции во вистинско време. Mark Cuban на својот блог има напишано дека кога ја основал својата прва компанија, обично седел до 2 часот по полноќ читајќи за новите софтвери, и така 7 години без одмор.

3. Mary Barra стигна до врвот на General Motors после 33 години поминати во компанијата.
Barra започнала да работи во General Motors кога имала 18 години, и тоа од “дното” на хиерархија. Многу брзо се запишала на факултет за инжинерство што го финансирала компанијата. Го градела својот пат и се качувала на скалилото на успехот со паметни одлуки и волја да и го даде на компанијата сето знаење што го има. Нејзините колеги од работа имаат изјавено за медиумите дека се сеќаваат како таа била прва што доаѓала во канцеларија секое утро и како одговорала на мејлови после 11 часот вечер.

4. Venus и Serena Williams вежбале од 6 саат наутро, пред и после училиште, кога имале 7 и 8 години.
Сестрите Williams, веќе во раното детство се посветиле на тенисот. Нивната сестра Isha ја опиша нивната дневна рутина во медиумите:” Стануваа во 6 наутро, идеа на тениското игралиште пред училиште, а после училиште…пак тенис.”

5.Оперативниот директор на Facebook, Sheryl Sandberg успева да балансира помеѓу приватниот и деловниот живот.
Sandberg си оди од работа во 17:30 за да вечера и да помине време со своите деца. Но, како што пишуваат медиумите, кога децата ќе ги стави на спиење, продолжува да работи од дома. И покрај тоа што има обврски по дома, таа е успешна и многу влијателна оперативна директорка на мултимилијардерска компанија, угледна авторка, и една од најпрепознатливите адвокати во светот на жените за работното место.

6. NBA легендата Michael Jordan ги поминувал летата на теренот.
Jordan имал чудесен физички дар. Но неговиот долгогодишен тренер Phil Jackson, сведочи како всушност напорната работа го направила легенда. Кога Jordan прв пат влегол во лигата, неговиот скок-шут не бил доволно добар. Го поминувал својот одмор и време кога не било кошаркарска сезона, како би ги усовршил скоковите до исцрпеност. Се додека не станаа совршени. Неговиот тренер кажува дека Jordan работел константно за да биде најдобар.

7. Ѕвездата на Los Angeles Lakers, Kobe Bryant потполно го променил својот начин на давање кошеви за да не престане да игра после повредата.
Никој во кошарката не вежбал толку како Bryant. Ја променил техниката на играње како би можел да продолжи да игра откако скршил прст. Своето слободно време го поминувал во парк, вежбајќи. Знаел да вежба иста работа со саати, дење и ноќе.

8. Директорката на Pepsi, Indra Nooyi работела на рецепција додека била на Yale.
Една од најмоќните и најпознатите жени во бизнисот- Nooyi, работела од полноќ до 5 наутро како рецепционерка како би заработила пари за да магистрира на Yale. Таа сега се буди околу 4 часот наутро за да ги постигне сите обврски. Како што и самата кажа за странските медиуми, порано било нормално да остане до полноќ како би ја завршила работата. Во истиот тој разговор, истакна дека нејзината фанатична посветеност на работата направило да биде полош родител.

9.Elon Musk им има кажано на другите претприемачи дека мора да работат два пати понапорно од сите други.
Ко-основачот на PayPal и основач на SpaceX и Tesla, е познат по својата немилосрдна работна етика, а и по советите дека кој сака да успее мора да работи два пати повеќе од останатите. “Ако останатите работат 40 саати неделно, тогаш вие би требало да работите од 80-100 саати неделно.  Така ќе ви биде потребно четири месеци за да го постигнете  тоа што на нив им било потребно година дена”
После третиот неуспешен обид на неговата компанија SpaseX да лансира ракета во вселената, поминаа седум недели, и SpaceX стана првата приватна компанија која успешно лансирала ракета во орбитата. На тој начин Mask ја прати пораката кон светот: “Никогаш нема да се откажам”.

error: Content is protected !!