“Ask me anything” со Волфганг Книејски

Кафе сесија со Волфганг Книејски (на англиски јазик)

Волфганг Книејски е претседател на комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот за иновации и технолошки развој. Тој е член на тимот за развој на бизниси во EIT Digital Accelerator-от и лидер на Заедницата за пристап до пазари за дигитална инфраструктура и технологии. Работи на меѓународната мрежа за партнерство за трансфер на технологии и интернационализација на мали и средни претпријатија, но има огромно искуство со стартап компании како и поддршка и развој на бизнисот. Во тоа својство тој развил и успешно спровел методологии и процеси за поддршка на технолошка комерцијализација на универзитети и истражувачки институции преку лиценцирање и спин-оф активности.

Дојдете во среда(15.02) и информирајте се повеќе за процесот на оценување на проектите, но и за сите оние работи во областа на иновациите и претприемништвото.

Локација: Хотел ТЦЦ Гранд Плаза (https://goo.gl/DRMl6s)
11:00-13:00

*Организирањето на сесијата е потпомогнато од Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), имплементирана од Свисконтакт и Преда плус

Линк за пријавување:  https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdMZDTyPJpjGS1n_N9TQbKW2ftciv0Zp4n3ITg8da5678Zdaw/viewform

error: Content is protected !!