Излезе најбрзото и најмоќно Ferrari 812 Superfast

Ferrari F12 Berlinetta беше неверојатен автомобил. Но новиот 812 Superfast e повеќе од разбирливо поимпозантен автомобил.

Maranello го покажа новото врвно достогнување од нивната линија – новото GT, и тоа пред официјалното деби на Geneva Motor Show.

Овој нов автомобил не само што претставува изобилие од иновативни карактеристики,  е исто така особено значајно бидејќи V12 серијата го одбележа официјалниот старт на славната приказна од 1947 година за коњот што потскокнува кој одбележува 70 години оваа година” истакнува Ferrari во своето соопштение.

Ferrari 812 Superfast на овој начин не води кон новата ера на Ferrari со 12 цилиндри, во правењето и  изградбата од непроценливото наследство на F12 Berlinetta И F12 tdf . И се стреми кон барањата на клиентите за најмоќно и најексклузивно Ferrari од нивниот асортиман: на бескомпромисен спортски автомобил што ќе испорача пријатно возење и на пат и на тркачка стаза но ќе биде и доволно комфорен за да овозможи на сопствениците да уживаат во неговото севкупно доживување што го овозможува”.

Севкупно земено дизајнот е повеќе агресивен, но се уште секси. Ferrari 812 Superfast го има моќниот  V12 мотор кој е малку поголем од тој на F 12 со 6,5 литарскиот мотор. Тој дава приближно 780 коњски сили, што е за 20 коњски сили повеќе од F12 tdf. Постигнува 100 километри на час за само 2.9 секунди и максимална брзина од 340 километри на час.

f2__14

f3__14

f4__14

f5__14

 Следниот месец може да бидете сведок на глобалната премиера на Ferrari 812 Superfast кој ќе се одржи од 9 до 19 Март на Geneva Motor Show

f6__14

error: Content is protected !!