Кои акции ги купуваа Warren Buffett и George Soros во последниве месеци?

Три познати американски инвеститори во последните неколку месеци вложија дополнителни десетици милијарди долари во акции надевајќи се на многу подобро работење во повеќето сектори. Легендарниот “пророк од Омаха” како што го нарекуваат Warren Buffett од порано откри како после изборот на Donald Trump за претседател од 8 ноември, инвестирал 12 милијарди долари во акции, а оваа недела објавени се податоците за инвестирањето, за кои големите инвеститори се должни да ги пратат до комисијата од хартии од вредност.

Како што пренесува Reuters, компанијата на Buffett, Berkshire Hathaway до 31 декември минатата година поседувала 57,4 милиони акции na Apple, дури четири пати повеќе од крајот на септември минатата година. Тој удел моментално вреди 7,7 милијарди долари, па Berkshire Hathaway влезе помеѓу 10 најголеми акционери во технолошкиот гигант. Buffett така по којзнае кој пат докажа дека има добар осет за заработка. Само во текот на 2017 година вложувањето во Apple му донело 1,1 милијарда долари добивка.

Да се потсетиме вложувањето на Berkshire Hathaway во Apple уште минатата година привлече доста внимание со оглед дека легендарниот инвеститор до сега, со исклучок на вложувањето во IBM, со презир гледаше на купувањето акции во технолошките компани Имено, повеќе пати зборувал како не е доволно компетентен за вложување во технолошкиот сектор. Освен во Apple – чија акција во вторникот достигна и друг еден по друг рекорд оваа недела и успеа да достигне преку 135 долари – Buffett очигледно многу очекува и од авиокомпаниите. Во четири компании – Delta Air Lines, American Airlines, Southwest Airlines и United Continental – Buffet сега поседува удел што заедно вреди преку 9 милијарди долари.

Тоа вложување e значајно бидејќи Buffett, не купувал акции од авиокомпании дури две децении. Thomas Russo, фонд менаџер во инвестицискиот фонд, Gardner Russo & Gardner, истакнува како тој сектор некогаш бил расцепкан, но сега многу подобро работи, со поголема пополнетост на авионите. Освен тоа Buffett купи акции и во Monsantо кој го презема германскиот Bayer. Од друга страна го продаде делот во производителот на трактори Deere како и преостанатиот удел во најголемиот трговски ланец во светот Walmart. Милијардерот Carl Icahn кој моментално е и еден од советниците на Trump, го зголеми својот удел во Herbalife, производителот за додатоци во исхрана за повеќе од 14%. Многу поголем скок од дури 126% се забележува кај докупувањеето на акции од rent a car компанијата Hertz. Од акциите кој ги продаваше најзвучна од нив беше PayPal.

Инвеститорот кој е многу добро познат и актуелен на нашите простори George Soros, сите карти ги фрли на американскиот финансиски сектор. За време на четвртиот квартал 15 милиони долари вложил во инвестициската банка Goldman Sachs, а нов удел вреден четири милиони долари стекна и во Bank of America. А најголемо вложување има во фондот кој го следи движењето на акциите од финансискиот сектор Select Sector SPDR од 73 милиони долари.

error: Content is protected !!