Инвестициите во хрватските стартапи во 2016 година се поголеми за 37% во однос на претходната година
Трета година по ред Загрепскиот инкубатор за претприемништво (ZIP) собира информации од јавно објавените инвестиции во хрватските стартапи, а од собраните информации се гледа дека во 2016 година вкупните инвестиции изнесуваат 14 877 000 евра, што претставува раст во однос на 2015 година кога вкупниот износ на инвестициите бил 10 805 233 евра.
Во 2016 година најголем износ на инвестиција добил Photomath, стартап на еден од основачите на Загрескиот инкубатор за претприемништво (ZIP) Дамир Сабола во износ од 3 000 000 евра.
Најголемите 5 инвестиции во 2016 година