Како проширената реалност ќе го измени нашиот живот?

Проширената реалност има поголеми можности од виртуелната реалност, изјави пред неколку месеци извршниот директор (CEO) на Apple, Tim Cook. Оваа изјава ја темели на мислењето дека поголеми се можностите во поглед на проширената реалност.

“Проширената реалност им овозможува на луѓето да бидат повеќе присутни” , е мислењето на Cook, и го има повторено неколку пати бидејќи виртуелната реалност ја гледа како нешто со што луѓето не можат толку да се идентификуваат, затоа што со неа доаѓаат само дигитални слики, нема ништо реално и познато во тоа, а технологијата уште не напреднала толку за да може виртуленото потполно да го замени реалното и затоа комбинацијата е најдобро решение.

Можеби е во право затоа што и интернетот од проширенара реалност би требало да има многу корист, проширената реалност би можела интернетот да го врати во “живот”. А тоа го докажува некогашниот лут ривал на Apple кој друг ако не Microsoft.

Microsoft со својот HoloLens покажа и докажа дека луѓето многу позитивно реагираат на ситуација во која во текот на играта или комуникацијата во нивната околина нешто се додава и нешто учествува. Замислете ситуација во која сте на состанок и покрај сликата со особата со која разговарате по пат на видео повик, веднаш ви излегува се што треба да знаете за таа особа. Или замислете бокс со Muhammad Ali, или кошаркарски двобој со Michael Jordan …

Како Pokemon Go играта, која го прикажува светот околу нас, но во него ќе “додаде” Pokemon ликови и се заедно од тоа ќе направи да биде забавно и интересно. На луѓето тоа им е забавно и во тоа гледаат смисла, најверојатно затоа што стварноста која ја познаваме навистина се шири па и ефектот е позитивен. Сигурно нивниот пример ќе го следат и другите произведувачи и интернетот стварно ќе стане уште позабавно место, каде што нашата реалност буквално се шири ….

error: Content is protected !!