Работилница: „Генерирање на идеи и бизнис модели“

Seavus Education & Development Center и Seavus Incubator во соработка со Mladiinfo, на 16. март (четврток) во 16:40 часот во SEDC Business Simulator, организираат еднодневна работилница на тема: „Генерирање на идеи и бизнис модели“.

Работилницата е специјално дизајнирана и наменета за сите претходни и сегашни студенти на #СЕДЦ, стартапите од Seavus Incubator и сите оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Целта на оваа работилница е да се поттикне претприемачкиот дух на учесниците во насока на отварање социјални бизниси кои решааваат општествени проблеми. Овие бизниси кои денес сочинуваат помалку од 5% и во најразвиените земји во светот, се иднината на т.н нови бизниси! Покрај запознавањето со оваа проблематика, на учесниците ќе им се помогне преку практична работилница да развијат идеја и бизнис модел со кои ќе можат да аплицираат за Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award Македонија 2017.

Social Impact Award Македонија, е присутна во 18 земји од светот, поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена, а по третпат,Mladiinfo ја организираат во Македонија.

Работилницата ќе ја води Марија Матовска, Национална координаторка на СИА.

Учеството на работилницата пријавете го на: https://goo.gl/forms/ue4M8eDOcCVeIMIP2

Агенда:

16:40
Воведно обраќање | Марија Матовска,
Национална координаторка на СИА | Крсто Златков,
Специјалист за маркетинг и продажба, СЕДЦ

17:00 – 17:45
Вовед во социјално претприемништво и бизнис модели за социјален бизнис | Презентација, Марија Матовска

17:45 – 18:30
Фабрика на идеи | Работа во тимови

18:30 – 18:45
Пауза со кафе и колачиња 🙂

18:45 – 19:15
Импакт канвас | Презентација, Марија Матовска | Работа во тимови

19:15 – 19:30
Награда за социјално претприемништво – Social Impact Award 2017 | Презентација, Марија Матовска

19:30 – 20:00
Презентација на победничко решение | Награда за социјално претприемништво (Social Impact Award 2016), говорник/говорничка TBC

Ајде да бидеме општествено одговорни и создадеме подобар свет за сите нас!

Ве очекуваме!
Пријава: https://goo.gl/forms/ue4M8eDOcCVeIMIP2

Повеќе информации на:
sedc@seavus.com | 078 499 462

error: Content is protected !!