Пролетни обуки за Erasmus+ (27/28 Март 2017)

Ви ги најавуваме серијата тренинг-обуки за директните програми на ЕУ (Horizon 2020) и (Erasmus+) чии повици за 2017 год беа објавени неодамна.
Овие обуки ќе ви понудат преглед на можностите за финансирање овозможени од програмата Хоризонт 2020 и Erasmus+ во 2017 год.

За кого се наменети:
Обуките се предвидени за било која организација во Македонија во секторот на едукација, тренинг обуки, младина или спорт.
Насочени се кон организации за кои Erasmus+ е новост, вклучувајки ги и оние кои до сега наслушнале, но немаат аплицирано за финансирање a сакаат да дознаат повеќе за можностите кои ги нуди програмата.

Форматот на обуките е дизајниран да обезбеди неопходните информации и вовед во Erasmus+ програмата, проследено со малку подетално објаснување на видот на финансии кои секој сектор од програмата ги нуди како и следните чекори кон обезбедување на истите.

Дополнително:
Добивате и дополнителни консултантски 20 дена за 2 дневните обуки.
Ќе имаате можност во 2017година да работитите со партнери и странски експерти, консултанти од ЕУ земји членки во пакетот кој е вклучен во агендата и акциониот план за избраната тренинг подготовка.

Годишна програма:
Во годишната програма за подготовка на апликации за ЕУ грантови, покрај редовната програма, нудиме 2 дневни, 3 дневни и 5 дневни тренинг обуки преку зимата и пролетта 2017г кои ќе ви овозможат да стекнете есенцијални, практични и напредни знаења и вештини за успешно да го менаџирате процесот на аплицирање, добивање и имплементација на грант.

*ERASMUS + .. Датумот за апликација за 2 дневна Пролетна школа (Modul2) за Erasmus+ програмата е следниот:
1) Термин: 27-28 Март 2017, Скопје
* За ERASMUS+ – Котизација: 4,400ден без транспорт и сместување,
(7,400ден со вклучен транспорт и сместување за учесници од цела Mакедонија со вклучено: обука, материјали, (draft App), сертификат, транспорт од градови во Македонија, сместување, полн пансион доручек, ручек, вечера)

-За 2ца од иста институција – 10% попуст
-За 3ца од иста институција – 15% попуст

*Сите учесници добиваат сертификат при успешно завршената работа и проверка на знаење на избраниот модул од академијата кој го посетувале.

Низ периодот подготвителната школа за ЕУ Финансирање, ние поставивме нови темели во едукативниот процес и практична подготовка на вашите апликации. Со помошта на веќе истакнати консултанти од земјата и од странство, дозволете ни да ви го покажеме целосниот процес на изработка на една апликација за Erasmus+ проект, како и можностите кои истиот ги нуди на Македонија и организациите во неа.

Не секогаш е лесно да се отворат нови можности за надоградба на вашиот бизнис, но кога таа можност е пред вашите врати, останува на вас дали ќе ја отворите таа врата и искористите можноста за користење на овие наменски фондови кои се на располагање.

Линк за пријавување: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdKnK-e2X_5TpwnE8I1Onu4fxO1H1o-CSU5mExdcZ_pdpnV1w/viewform?c=0&w=1

Ве очекуваме!
+389 02 311 0505
+389 72 724 166
akademija@ilumine.mk

error: Content is protected !!