Белградскиот Cube доби 1 милион евра инвестиција за развој на платформата за деловни податоци

Регионалниот венчр фонд SC Ventures, објави дека ја направи осмата инвестиција и тоа во CUBE, компанија која се занимава со давање деловни информации. Оваа рунда е наменета за понатамошен развој на платформата за деловни податоци и ова е најголемата инвестиција во некоја српска компанија од страна на овој фонд до сега.

Целта на компанијата Cube Risk Management Solutions е со давање на деловни информации да овозможи на клиентите полесно и поефикасно да донесуваат одлуки како и унапредување на работењето.

Глобалниот пазар за деловни информации расте со 5,2% годишно, и се предвидува дека до 2021 година ќе достигне вредност од 45 милијарди долари.

Cube Risk Management Solutions е основана во 2012 година и од тогаш дава информации за проценка на ризикот, анализа на конкуренцијата, мониторинг и останати аспекти на работењето. Моментално брои околу 30 вработени.

Венчр фондот SC Ventures е присутен и во Македонија и ја има направено првата и единствена инвестиција во Македонија во Letz, вредноста на оваа инвестиција изнесуваше 100 000 евра за што пишувавме минатата година.

error: Content is protected !!