Дете талент – Даријан Шекеров победник на светскиот натпревар за иновативни решенија

Младиот Дарјан Шекеров во изминатите три години е дел од Центарот за Млади Таленти – ИЛУМИНЕ и кој плени со својата скромност и интелигенција повторно е во центарот на вниманието на јавноста со својот најнов успех.

Нашиот многу млад експерт за мобилни апликации е и единствен од Македонија на Светскиот младински натпревар за иновативни решенија со својата мобилна апликација за дечињата со аутизам каде и победи со #slikozbor .

Даријан Шекеров

-На Светскиот младински натпревар за иновативни решенија 2016 (World Summit Youth Award 2016), каде учествуваа над стотина земји од целиот свет со неколку илјади апликации и проекти поделени во 6 категории. Со мојата апликација Слико збор (Picture Word) влегов во финалниот круг и победив во категоријата „Борба со болести“ (Fight Poverty, Hunger & Disease). Горд сум на оваа награда зашто претставува не само моја победа, туку и на Македонија во светски рамки, напиша Даријан на својот профил на Фејсбук.

Даријан Шекеров

Првата македонска апликација „Сликозбор“ наменета е за помош на децата со попреченост во говорот, оние со аутистичен спектар (аутизам) и за лицата без моќ на говор во секојдневната комуникација со блиските во семејството и надвор во околината.
Апликацијата е создадена во соработка со здруженијата во кои членуваат лицата со попреченост во говорот, и кои велат дека оваа апликација претставува големо олеснување во комуникацијата.

Даријан Шекеров
Даријан Шекеров во изминатите три години е дел од Центарот за Млади Таленти – ИЛУМИНЕ и  е ученик во ООУ „11-ти Октомври“ во Скопје, а познат е по тоа што во информатичките науки се натпреваруваше со средношколците и често освојува и награди во конкуренција со многу повозрасни од него.

Ова не е негова прва апликација за Андроид. Талентот на Дарјан е неоспорен, за него се заинтересирале и професорите факултетите ФЕИТ и на ФИНКИ, како и од други институции. Тој беше најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и студентите на Универзитетот на југоисточна Европа.  Апликацијата “Сликозбор” (Sliko zbor) може бесплатно да се симне од „Play Store“.

Обврските во основно училиште си ги завршува навремено, а потоа се впушта во светот на информатичката технологија каде најдобро плива. Веќе одлично познава неколку програмски јазици, креира иновативни андроид апликации и освојува награди на домашни и странски натпревари по информатика и математика. Вели со многу труд и работа се се остварува и тогаш кога не победува, или не освојува едно од трите места.

Целото интервју со Даријан Шекеров  што го даде за порталот Македонија Денес можете да го прочитате ТУКА.

error: Content is protected !!