Презентацијата на проектот ”Претприемачко учење за млади“

Ве покануваме да земете учество на презентацијата на проектот ”Претприемачко учење за млади“ финансиран од Европската Унија преку Еразмус + програмата кој заеднички го имплементираат: Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија во партнерство со CRYSTALCLEARSOFT од Грција и Sprijin si Dezvoltare од Романија.

Проектот ќе понуди неформални активности на 60 млади лица – 20 од Македонија, 20 од Романија и 20 од Грција, со цел развивање на претприемачки вештини кои што ќе можат да се транцферираат во секојдневното живеење и работење.

Проектот ќе креира простор во којшто 60-те млади ќе ги развиваат постојано претприемачките способности и ќе се запознаат со професионалци од бизнис-секторот, коишто ќе ги информираат за новостите и ќе им го пренесат своето знаењето во однос на организациски менаџмент, логистика, финансиски менаџмент, производство/услуги и менаџмент на човекови ресурси. Базата на податоци ќе служи како простор во којшто младите ќе ги развиваат претприемачките вештини во еден интеркултурален контекст којшто се бави со европски трендови. Овие активности ќе го обезбедат потребното време за 60-те млади да развијат претприемачки вештини и да разберат што значи да се биде претприемач и како тој планира и реагира во различни ситуации.

Настанот е одлична можност да се запознаете како може и вие да се вклучите и да придонесете за развој на овој проект и претприемаштвото и како да го спречите одливот на таленти од Р. Македонија.
Ве молиме Вашето присуство да го потврдите на следниот линк http://bit.ly/Пријава-за-настани или на телефонскиот број: +389 78 241 181 најдоцна до 24 март(сабота).

Се гледаме на 28-ми,

ЦЕФЕ Македонија
info@cefe.mk

error: Content is protected !!