Bloomberg: Мексико е најатрактивен пазар во развој

Мексико е за инвеститорите најатрактивен пазар во развој вклучувајќи ги растот, приносот и капиталот. Индискиот пазар е најлош, покажуваат истражувањата на Bloomberg.

Мексико ја искористи шансата да поработи на маркетингот и имиџот откако претседателот на Соединетите Американски Држави Donald Trump, изјави дека ќе подигне ѕид на границата со земјата.

Оваа година вниманието на инвеститорите ќе биде насочено кон земјите во кои постои подобрување на политичката клима.

На листата на популарни дестинации Мексико се најде како една од најатркативните земји во тој дел пред се поради ниската вредност на пезосот, цената на бакарот и очекувањата за поволни мерки за инвеститорите после претседателските избори во земјaтa.

Русија исто така судејќи според табелата на Bloomberg, не изгледа привлечна за инвеститорите бидејќи не сакаат да се потпираат на ниските каматни стапки и да купуваат државни хартии од вредност со ниска вредност. Според нивното мислење, рубљата нема голем потенцијал.

Bo Бразил акциите на Petrobras и понатаму се евтини, но аналитичарите прогнозираат дека компанијата тешко ќе биде во состојба да го повтори своето работење оваа година.

Индија е најмалку атрактивна за инвеститорите поради релативно скапите акции, обврзници и валута.

Vaninder Singh, економист од Сингапур смета дека Индија моментално на пазарот се појавува како неатрактивна за инвеститорите.

“Мораме да видиме дали ќе дојде до одредени корекции на пазарот”, изјави тој.

error: Content is protected !!