Мароко ја гради една од најголемите соларни електрани

Кралот на Мароко Мохамед Шести, на југот на својот земја го прогласи почетокот на изградбата на четвртата фаза односно завршниот дел од проектот “Noor”, една од најголемите соларни фотонапонски електрани во светот.

Се наоѓа во пустина на 137 хектари и ќе има капацитет од 72 мегавати, објави официјално новинската агенција MAPA.

Тоа е инвестиција од 70 милиони евра во централа која електричната енергија ќе ја произведува во ќелиите на полупроводникот директно од сончевото зрачење.

Главен финансиер е германската банка KfW со 61 милион евра, Noor IV ќе започна со работа, во првиот квартал во 2018 година.

Со централата ќе управува конзорциум на мароканската Агенција за соларна енергија (Masen) и саудиската компанија Acwa Power, која го добила тендерот за наредната фаза на проектот.

Мароко во 2016 година во фебруари го заврши проектот “Noor I” а фазите “II” и “III” се завршени 76 односно 74 проценти. Кралството во ноември минатата година беше домаќин на меѓународната конференција за клима COP22.

Кога сите фази на проектот Noor ќе се завршат, комплексот ќе има производствен капацитет од 582 мегавати. Без релевантни залихи на нафта, гас и јаглен, Мароко спроведува амбициозен развоен план за да може наскоро половина од своите енергетски потреби да ги задоволува од обновливи извори на енергија.

error: Content is protected !!