ЕУ и Израел ќе градат гасовод под Средоземното Море

Италија, Израел, Грција и Кипар објавија во понеделникот дека се спремни за изградба на најголемиот подморски гасовод во светот кој со поддршка од Европската Унија ќе го поврзе источниот Медитеран и Јужна Европа.

Гасоводот вреден 6,2 милијарди долари ќе транспортира гас од неодамна откриените наоѓалишта во територијалните води на Израел и Кипар во Европа и потенцијално би ја намалила европската зависност од рускиот гас, кое станува осетливо прашање во контекст на политичката затегнатост. На заедничката конференција за новинари во Тел Авив министрите за енергетика на четирите земји и европскиот комесар за заштита на климата и енергијата Miguel Arias Cañete искажаа поддршка на проектот.

Студијата за изводливост веќе е завршена, нагласија прeтставниците, изразувајќи надеж дека целосниот развоен план ќе биде завршен до крајот на годината. Почетокот за изградба на гасоводот би започнала дури за неколку години, а првите испораки на гас би започнале веројатно од 2025 година. “Тоа ќе биде најдолгиот подморски гасовод на светот, инсталиран на најголема длабочина” нагласи израелскиот министер за енергетика Yuval Steinitz

Во разговор за AFP Elio Ruggeri првиот човек на IGI Poseidon, компанија која учествуваше во развојот на проектот, предупредува дека цената на плинот во последно време паѓа а финансиската изводливост на гасоводот се базира на нивната претпоставка за раст. Изминатите години Израел и Кипар веќе започнаа да вадат гас од полињата во Средоземното море а во иднина се очекува и значително поголеми проекти.

Претставниците пробуваат да ја уверат Европа дека тој гас ќе претставува алтернатива за зависноста од рускиот увоз. Комесарот на ЕУ се согласува дека проектот ќе ја ублажи зависноста од гасоводот Северен тек, кој според неговите зборови “не ја подобрува сигурноста во снабдувањето”.  ” Кипар и Израел се многу сигурни партнери” кажа Canete.

“Многу го цениме снабдувањето со гас од тој регион како клучен извор на нашето снабдување кој може да даде вреден допринос во нашата стратегија за диверзификација на изворите, рутите и добавувачите”, нагласи тој.

Четирите министри се договорија следните години да се состануваат секој 6 месеци. Првиот човек на консултантската компанија Eco Energy, Amit Mor констатираше дека спремноста на министрите да градат гасовод е добра работа но не гарантира реализација на проектот.

“Во оваа фаза гасоводот е само убава визија и важно е да се има на ум дека развојот на меѓународно трговските проекти некогаш трае со децении” изјави тој за AFP. “Ниеден гасовод не е граден на длабочина од три километри” истакна Mor, напоменувајќи дека високите инфраструктурни трошоци би значеле дека производството на гас по конкурентна цена во однос на онаа руската би била “голем предизвик”.

error: Content is protected !!