Во Србија извозот на софтверски услуги достигна 740 милиони евра!
Според податоците од Народната банка на Србија, IT секторот и во текот на 2016 година се покажа како една од најздравите стопански гранки во таа држава, со извоз во вредност од 740 милиони евра!
Извозот на софтвер скоро го достигна извозот на зеленчук и овошје кој изнесува 755 милиони евра, а го надмина извозот на житарици кој бил 656 милиони евра и погонски машини и уреди кој изнесува 628 милиони евра.
Секторот на информациско-комуникациски технологии е во константен раст уште од 2007 година, а извозните приходи од ИКТ услугите се триплирани во периодот 2008-2015 година.
Односот помеѓу увозот и извозот, одсносно трговското салдо е важен показател. Трговското салдо за IT секторот во Србија за 2016 година изнесуваше 407 милиони евра во плус.
Македонија лани до ноември на светскиот пазар извезе компјутерски, информатички и телекомуникациски услуги во вредност од 134,5 милиони евра. Во истиот период увозот на овие услуги изнесуваше 65,5 милиони евра, што значи дека македонските информатичари од земјава остварија позитивен девизен прилив од 69 милиони евра.