Инфо сесија и работилница за социјално претприемништво

Здружението „Конект“ ве поканува на инфо сесија и работилница за социјално претприемништво, која ќе се одржи на 12.04.2017 година во хотелот ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје.

Агенда:
10:30 – 12:00 часот – Инфо сесија: трендови во социјалното претприемништво
12:00 – 12:30 часот – Пауза
12:30 – 16:30 часот – Практична работилница за социјални претпријатија: како да продавате услуги и производи?

Со оглед на големиот интерес за настаните и ограничените капацитети, пријавете го вашето учество однапред во Конект на konekt@konekt.org.mk или на тел. 02 / 3224 198 најдоцна до 10.04.2017 год. истакнувајќи за кој/и настан/и се пријавувате.

Пријавите ќе бидат прифатени до пополнувањето на максималниот број на учесници.
Патните трошоци за учество не се покриени од организаторот.
Деталнaта агенда ќе биде дополнително дистрибуирана.

Настаните се одвиваат во рамки на проектот: „Социјално претприемништво: учење од практика и промоција“ финансиран од Министерството за економија на Република Македонија, а спроведуван од Здружение „Конект“.

error: Content is protected !!