Дуел: Рамен – Прогресивен данок

Советот на млади почнува со реализација на дебатниот проект „Дуел“!

Во отсуство на концепирани, аргументирани и културни спротивставувања на различни мислења и концепти, но и заради секојдневно сквернавење на поимот „дебата“ како пилар на едно демократско општество, просториите на „Канцеларијата на млади“ на Општина Центар ќе понудат дом на нормалноста, толеранцијата и разбирањето.

Во четврток, 20ти април со почеток од 19.00 часот ќе се одржи првата дебата на тема: „Рамен наспроти Прогресивен данок“, а говорници ќе бидат професорите Ванчо Узунов и Трајко Славевски

Заради лимитираноста на капацитетите на „Канцеларијата на млади“, ве молиме контактирајте не на фејсбук профилот на Советот на млади или на мејлот lmscentar@gmail.com

Ве известуваме дека присутните ќе имаат можност да постават прашање во временската рамка предвидена за тоа.

Датум: 20 Април Четврток 18:50-20:30

Градски Ѕид, Бул. Св. Кирил И Методиј Бр.7/1 Локал 18. (позади Автомакедонија)

error: Content is protected !!