4 совети од Mark Cuban како да одгледате дете кое ќе биде самостојно и вредно

Mark Cuban е американски бизнисмен, инвеститор, автор, позната ТВ личност и филантроп. Познат е по своите финансиски успеси, сопственик е на NBA тимот Dallas Mavericks. Ко-основач е на американската медиумска група  „2929 Entertainment“ и претседател во „AXS TV“. Во 2011 година ја напиша e-книгата „How to Win at the Sport of Business“ во која ги опишува своите животни искуства во бизнисот и спортот.

Тој е татко на три деца, и дава корисни совети како да ги охрабрите децата да станат самостојни и вредни луѓе.

1.Бидете проактивни

Ако децата покажуваат интерес за некоја активност, од рани години вклучете ги во таа активност. Без разлика дали е тоа наводнување на градината, свирење со некој инструмент, пеење, играње, пишување, цртање….. што и да е.

2. Нека мислат

Охрабрете ги да ги изнесуваат своите бизнис идеи, така што прво ќе најдат проблем (свој или туѓ) во животот, а потоа ќе направат производ или услуга која ќе го реши проблемот. Секако, од децата не можете да очекувате од почеток нешто спектакуларно. Но малите чекори водат кон големи дела.

3. Идентификувајте ги нивните таленти и вештини

Нека изберат активност во која ќе бидат добри, или некоја која ќе ги инспирира на (напорна) работа. Тоа може да биде шетање на кучето или перење на автомобилот за почеток. Внимателно пратете ги нивните желби и активности, како се вклопуваат во одредена активност, дали уживаат во неа, дали добро работат…

4. Гледајте ја големата слика

Погрижете се да знаат што е тоа страст, и дека се се врти околу страста, а не околу парите. Кога ќе ја пронајдат својата страст, кога се вредни, подоцна лесно ќе дојдат и до пари.

Следете ги желбите и страстите кои ги имаат вашите деца, ако сте вие добар доктор не значи и дека вашите деца ќе сакаат да станат доктори како вас, не им ги наметнувајте вашите желби и страсти на вашите деца ако не ги сакаат, тоа може да доведе само до фрустрации.

error: Content is protected !!