Средношколец кој прави чорапи има приходи од милион долари!

Додека во Македонија средношколците рушат неславни рекорди, последен пат кога го добија медиумското внимание беше со веста дека Македонија е рангирана меѓу последните земји по знаење на учениците на 15-годишна возраст, според меѓународното тестирање ПИСА, реализирано од Организацијата за економска соработка и развој (OECD), еве што прават средношколците во САД.

Brennan Agranoff кој има 17 години вешто балансира помеѓу своите обврски од средно школо и бизнисот кој го започна од својата 13 година- тој е основач на HoopSwagg, стартап компанија која не е од IT дејност туку произведува чорапи направени по мерка.

Како што пренесува CNN, HoopSwagg веќе не е мал проект. За четири години, Agranoff разви толкав бизнис што на годишно ниво веќе има приходи што надминуваат милион долари. А со оглед на медиумското внимание што го доби приходите нема тука да застанат.

Пресуден момент за овој млад американски претприемач бил во 2013 година, кога на еден средношколски кошаркарски натпревар приметил дека повеќето од играчите носат еднобојни спортски чорапи. Тогаш го поставил прашањето од милион долари што би се случило кога би започнал да прави чорапи со најразличен изглед.

corapi14

Денеска HoopSwag нуди на пазарот повеќе од 200 видови на чорапи, секој од нив со оригинален дизајн кои ги има смислено самиот Agranoff.  Уште еден доказ дека за да станеш претприемач годините не претставуваат пречка. Останува да се надеваме дека и во Македонија ќе се појават млади и успешни претпримачи кои го покажале својот талент уште пред  да го завршат средното школо, и не чекаат од никого да им даде нешто.

error: Content is protected !!