III iFail: конференција за неуспесите на успешните

За трет пат во Македонија, јавноста ќе има можност да чуе за грешките и неуспесите на успешните луѓе преку настанот iFail (Јас грешам). Честопати слушаме за приказните на успешните луѓе и како тие во моменти на криза донеле правилна одлука која ги одвела до успехот.

На настанот ќе говорат:
1) Petar Ninovski, ко-основач на Brainster, иновативна компанија за едукација и стекнување вештини за кариерна трансформација.
2) Антоанета Иванова (Ana Iva), ко-основач на европска младинска платформа, Mladiinfo, која е присутна во 9 земји во Европа
3) Zoran Vitanov, ко-сопственик на Trade Consulting, компанија основана во 1990-та година и лидер на пазарот за обуки.
4) Indira Kastratovic, врвен европски ракометар и спортист. На европското првенство во 1997 даде најмногу гола (71) и ја доведе Македонија до историски највисокото 7-мо место.

Секој учесник има 7 минути и 10 слики да говори за својата грешка. По завршување на сите презентации, следуваат прашања, коктел и вмрежување.

Дојди, слушај, прашај и инспирирај се!

***Настанот е јавен и бесплатен. Нема купување на карти/регистрација. Ако сме многу, ќе се стискаме и гушкаме. Сепак, за да си обезбедите столче дојдете на време- принципот е „прв дојден-прв услужен“ ***

Идејата за овој настан потекнува од Мексико Сити во 2012 година каде што пет претприемачи биле заситени да слушаат за своите успеси и одлучиле да ги споделат своите грешки (ФакапНајтс). Денес, ФакапНајтс се одржува секој месец низ повеќе од 100 градови и на секој континент од светот, освен Антартик.

Настанот е организиран со поддршка од Европски Универзитет.

Датум: 26 Април (среда) од 19 часот до 21 часот

Локација: Европски Универзитет (Климент Охридски 68)

error: Content is protected !!