9 карактеристики дека поседувате емоционална интелигенција

Емоционалната интелигенција не е за да се достигне совршенството, поентата е во учењето и напредувањето.  Дали некогаш сте дозволиле емоциите да ве наведат да направите нешто за кое подоцна ќе се каете? Или ќе дозволите чуствата да ве спречат да го направите тоа што навистина сте сакале? Знаете што? Сите имаме поминато низ тоа. И тоа не значи дека не сте емоционално интелигентни.

Емоционалната инетелигенција, е во кратки црти, способност емоцијата да работи за вас, наместо против вас, вклучувајќи учење и примена.

Погледнете ги следниве изјави, и видите дали го опишуваат вашето однесување и навика.

1.Мислите на своите чуства и чуствата на другите

Емоционалната интелигенција почнува со некој вид рефлексија. Поставувајте прашања од типот: ,,Зошто се осеќам вака?” и ,,Што е причина да кажам или да направам вакво нешто?” Ако се преиспитувате и гледате на емоционалните реакции како на искуство од кое учите, тогаш знаете како да се однесувате спрема сопственото однесување и однесувањето на другите, и да реагирате како треба.

2. Ја сфаќате важноста на зборовите ,,Ве молам” и ,,фала”

Секој ден, гледате како другите одбиваат да изразат благодарност и да ги ценат другите, во знак на почит. Културата како да има изгубено на цена. Но тоа на вас не влијае. Препознајте ја моќта на ,,малите” зборови за на некого да му го разубавите денот, за да ги засилите односите, и да станете подобри од тоа што сте биле – и затоа секогаш издвојте неколку моменти да изразите благодарност.

3.Направете пазуза за да …

… размислите пред да кажете или направите нешто, особено ако чуствувате дека ве преплавуваат емоции. Ова е тешко да се спроведе на дело, но е многу корисно, бидејќи ве спречува да се каете подоцна, и може да ги спаси вашите односи со другите.

4. Прашувајте ,,зошто”

Наместо на луѓето да им лепите “етикети”, фокусирајте се на причините кои стојат позади нивното однесување. На овој начин ги подобрувате емпатијата и сочуството, и ги гледате работите од перспектива на другите. Така може да се идентификувате со другите.

5. Учите од критика

Никој не ужива во тоа да му се каже дека греши. Но вие знаете дека критиката е шанса да учите, дури и кога некој што ви ја упатува нема многу осет. Ако критиката е неоснована, тогаш ви дава увид во тоа што другите мислат.

6. Ја цените искреноста и посебноста

Кога цело време барате нешто добро во другите и кога ќе им кажете што цените кај нив, тогаш ги мотивирате и инспирирате. Поради тоа, и другите сакаат да бидат во ваше друштво, и сакаат пред вас да се покажат во добро светло.

7. Не сте злопамтило 

Не сте наивни, но многу добро знате дека кога одбивате да простите дека тоа е исто како да имате нож во грб, никогаш нема да можете да се излечите. Простете и така ќе ви биде лесно да продолжите понатаму.

8. Анализирајте ја својата сила како и своите слабости

Кога ќе го идентификувате тоа што добро го работите, можете да се охрабрите за ситуациите во кои имате шанси за успех. Но знаете дека не можете да напредувате, ако не работите и на своите слабости. Затоа одвојувајте време за работите кој можете да ги подобрите, и константно стремете се за напредок.

9. Контролирајте ги своите мисли

Постои изрека: ,,Не можете да спречите птицата да ви слета во мислите. Но можете да ја спречите да направи гнездо”. Можеби не можете да ја контролирате иницијалната, емоционална, реакција. Но можете да контролирате што ќе направите следно. Наместо да се фокусирате на чуствата кои се деструктивни, можете да се фокусурате на продуктивни мисли.

error: Content is protected !!