Зошто треба да имате најмалку две кариери?

Harvard Business Review, сајт посветен на бизнисот во еден од своите текстови, се занимава со фактот дека многу луѓе имаат повеќе интереси од кои за жал само еден станува кариера додека другиот станува хоби. Во текстот е јасно и прецизно објаснето зошто треба да имате најмалку две кариери и да ги развивате своите интереси во тоа што го работите.

Можеби понекогаш звучи неверојатно, некој да работи повеќе од една работа, но се е во добрата организација и страста  која вас ве носи да напредувате во посакуваните области. Не заборавајте дека повеќето жени освен што имаат кариера се и мајки што е поголем предизвик од било која кариера или хоби во светот. Но некои креираат работа преку правење блогови или пишување книги за мајчинството.

Развивајте ги своите вештини

Секој од нас е креативно суштество и треба што повеќе да се  шири и напредува. Никогаш не знаете што може да искочи од развивање на вашите вештини. На пример, ако сте во бизнис, финансии, маркетинг а во исто време ве интересира и нешто друго на пример возење велосипед или рачна изработка, постои голем потенцијал да направите свој бизнис. Луѓето и познанствата од работа се добра почетна точна и со нив треба да се поврзете и да ги искористите за да го развиете своето хоби и да ги пронајдете љубителите на исти работи и добрите соговорници.

Обично имате постојана работа која ви служи да заработувате и хоби кое е за вашата душа. Доколку ги развивате своите вештини вашето хоби може да стане главен извор на заработка и на тој начин навистина еден ден да почнете да го живеете својот сон.

Пронајдете луѓе во различни социјални кругови

Освен што ќе најдете сопатници одлично е и да најдете луѓе кои можат да ви помогнат. Ако имате познаници во различни области, тие можат секој од своја страна, да ви помогне во вашата нова кариера или влегувањето во неа. Што повеќе луѓе знаете. толку сте побогати, бидејќи имате повеќе врски и информации. Различните кариери тоа ви го овозможуваат.

Откријте ги вистинските иновации

Со комбинирање на различни кариери, вас ви се отвараат сосем нови хоризонти. Доколку сте уметничка душа, а се занимавате со финансии во двата случаеви имате потполно нов пристап на двете страни кои можете да ги искористите во своја корист. Што повеќе кариери имате тоа е поголема вашата можност дека ќе ги поврзете стекнатите знаења и дека од нив ќе добиете нови иновативни идеи.

error: Content is protected !!