Фејсбук За Бизнис

Во последните 6 месеци посетивме 11 градови, направивме 13 «Facebook For Business» и 16 «Dinamički Facebook Marketing» работилници, запознавме повеќе од 1200 луѓе и едуциравме преку 150 претприемачи, маркетари и фриленсери.

Па така, целта на оваа работилница е да им помогнеме на сите креативци кои имаат бизнис идеја, како да дојдат до иницијална продажба. Ќе ви покажеме кои алатки ги користиме и што точно треба да направите за да се промовирате ефикасно на Интернет.

Ивица се занимава со советување повеќе од 6 години, а со 19 годишна кариера во маркетинг и продажба ги има потребните знаења и искуство да говори за продажба по пат на социјалните мрежи.

Ова се некои од прашањата на кои ќе добиете одговор:

– Како да ги искористите друштвените мрежи за
привлекување внимание и интеракција со потенцијалните
клиенти?
– Како да изградите доверба?
– Како да ја следите и насочувате комуникацијата во смер кој
води кон купување на вашиот производ или услуга?
– Како да формулирате продажна порака со цел да ги
максимизирате резултатите?
– Кои алатки можат да ви помогнат да ја подобрите вашата
продуктивност?

Наместо класично рекламирање, ние користиме «pull» метода, за да пронајдеме, привлечеме и заинтересираме квалифицирани купувачи – оној купувач на кој му треба, сака и знае да го користи и е подготвен да плати за она што го нудиме.

Предавањето е наменето за:

– Стартап основачи или тимови
– Вработени во продажба и маркетинг
– Сите приватници без оглед на индустријата
– Сите оние кои сакаат да ги тестираат своите идеи на пазарот

За да продадете некаков производ или услуга потребно е да поминете низ 4 фази:

– Свест за проблемот
– Интерес за решавање на проблемот
– Лидови – заинтересирани за купување на решението
– Конверзија – процент на заинтересирани кои навистина го
купуваат решението

Денес, кога друштвените медиуми и модилните телефони овозможуваат нашата порака да ја поставиме точно пред напиот купувач, никогаш не било поважно да знаеме што правиме бидејќи не сме единствените кои се обидуваат. А она што морате да го знаете за да ефикасно се промовирате на Интернет е:

– Морате да знаете кој ви е купувач
– Морате да знаете кои му се потребите, навиките и
однесувањето
– Морате да знаете да одберете вистински канал за
комуникација
– Морате да имате вештини за користење на тој канал
– Морате да креирате привлечна порака

Продажбата преку Интернет не е тешка работа ако знете што правите. Но, ако погрешите во некој од овие 5 чекори, само трошите пари и ги нервирате корисниците.

На работилницата ќе добиете: описи, објаснувања, формули и алати кои ќе ги користите за да ги анализирате вашите резултати како би креирале совршен продажен процес за да осигурате константен прилив на средства за вас и вашиот бизнис.

Датум: 4 Maj (четврток) oд 16:30 до 18 часот.

Локација: Економски факултет универзитет “Св Кирил и Методиј”

Пријавување за предавањето кое е бесплатно https://growupacademy.lpages.co/facebook-for-business-ekonomski-fakultet-skopje/

error: Content is protected !!