Третата најголема банка во Македонија, НЛБ ќе добие нов сопственик

Европската комисија следната недела ќе го потврди предлогот на словенечката влада за Нова Љубљанска Банка (NLB) да се приватизира во две фази, и притоа 50% од акциите на најголемата словенечка банка која е во државна сопственост на потенцијалните инвеститори ќе им биде понудена до средината на оваа година, објави Словенечката телевизија.

Според договорот помеѓу Словенија и Брисел, три четвртини од акциите на НЛБ, државата треба да продаде до крајот на следната година и така да го намали својот сопственички удел на само 25% за да докапитализацијата на НЛБ до која дојде во 2013 година поради нејзините загуби предизвикани од лошите кредитни пласмани да не се смета како недозволена државна помош, спротивна на правилата во ЕУ.

Со Европската комисија сега е постигнат договор оваа година да се продаде 50% од НЛБ, а до крајот на следната година останатите 25% објави во четвртокот Словенечката телевизија, која се повикува на неслужбени извори.

Државниот удел во банката ќе се продава по пат на иницијална јавна понуда (IPO), а единствена причина зошто предложената продажба е во две фази е поради настојувањето за на пазарот да се постигне што подобра цена изјави за Словенечката телевизија Лидија Главина, директорката на Словенечкиот Државен Холдинг (SDH), која управува со сопственичкото портфолио на државата и ги води продажните процеси.

Се верува дека подобрувањето на изгледите за подобра цена на акцијата на НЛБ, при продажбата ќе допринесе и најавата на познатата и реномирана рејтинг агенција Moody’s, дека за два месеци би можела да го подигне кредитниот рејтинг на трите водечки словенечки банки, вклучувајќи ја и НЛБ која во последните три години работеше без загуби. Лани е остварена добивка од 110 милиони евра.

Каква врска имаа оваа вест со Македонија? Има и тоа голема, затоа што НЛБ Љубљанска Банка поседува 86,97 % од акциите на НЛБ Банка АД Скопје. Да се надеваме дека банката во Словенија ќе биде купена од реномирана банка од светски калибар, затоа што новиот сопственик, ќе биде и доминантен сопственик на НЛБ Банка АД Скопје.

error: Content is protected !!