Виетнамската влада со STEM се припрема за четвртата индустриска револуција
Виетнамската влада побарала од своите централни агенции и локалните самоуправи ширум земјата да се фокусираат на напорите, да ги припремат човечките ресурси и инфраструктура за спроведување на четвртата индустриска револуција.
Nguyen Xuan Phuc, виетнамскиот премиер, изјави дека сите министерства и сектори треба да ги применуваат системите на е-управување, за да можат на граѓаните и претприемачите да им понудат подобра и поквалитена услуга со цел понатамошно поедноставување и модернизирање на административните процедури.
На министерството за информатика и комуникации му е доделен надзорот за развој на инфраструктурата за информатичка технологија, за да бидат сигурни дека новите IT технологии, особено 4G мобилната мрежа, ќе работат сигурно и без застој низ Виетнам до 2018 година.
Задачата на министерството за образование и обуки е да ја промовираат, науката, технологијата, инжинерството и математиката (STEM) во основните школи, а наставата со пилот програмата STEM со имплементација ќе започне во академската 2017/18 година.
Покраината Bac Ninh e одбрана како место за пилот програмата за развој на паметниот градски модел во градежништвото и високотехнолошкиот развој на земјоделството. А во северната покраина Ha Nam ќе се спроведува пилот проектот за hi-tech земјоделство која би требало да им даде висок принос на културите што ќе се одгледуваат.
Во центарот на оваа револуција е развојот на технологии во областите како што се вештачката интелигенција, роботиката, (IoT) internet of things, развојот на автономните возила, 3D принтерите како и нано технологијата.