Македонец е новиот технолошки директор во Pinterest

Уште една убава вест за Македонија одекна деновиве- Македонец е на висока позиција во „Pinterest“- една од најголемите и најраспространети социјални мрежи на денешницата. Вања Јосифовски е новиот технолошки директор на социјалната мрежа, каде што работи од 2015 година.

Под раководство на Вања се изработени Lens, Search и Related Pins, а неговата работна позиција е прва од ваков тип во големата компанија. Тој е првиот технолошки директор на „Pinterest“. Тој ќе биде задолжен за раководење со техничките иницијативи за машинско учење, пребарување и инфраструктура.

Пред да работи за „Pinterest“, работел и во Yahoo, Google и IBM, како и во повеќе светски познати универзитети. Средно училиште започнал во Скопје, а продолжил да се образува во Шелби, Северна Каролина. Завршил факултет во Љубљана, а магистрирал на Флорида Универзитетот во Америка. Докторирал во Шведска.

Зад себе има импресивно CV, па одтука и не е чудно што „Pinterest“ го одбраа токму Вања за нивен технолошки директор. Со претходно искуство како истражувач и научник, во најдобрите интернет компании Вања има што да покаже. Вели дека искуството и љубовта кон компјутерите ги должи на неговиот татко кој го терал да прави компјутерски програми, но и на професорите од средното училиште Корчагин кои го вовеле во светот на ИТ, пренесува Македонија Денес.

error: Content is protected !!