Индустријата за возрасни главен двигател на растот на виртуелната реалност
Виртуелната реалност (VR) на пазарот уште не го доживеа својот бум, индустријата за видео игри уште не е на нивото на кое се очекува, како што не е ниту филмската, а не е ни музичката. Но затоа е индустријата за филмови за возрасни!
Оваа технологија како да е креирана за порно индустријата, бидејќи дава дополнителна доза на реалност на тој што ја конзумира содржината. Тоа го потвдуваат и бројките па затоа еден од најпосетуваните порно сајтови на светот Pornhub се фали како дневно има пола милион VR посети на својата страна!
Некои од порно филмовите се снимени многу едноставно во 360 степени, тоа се филмови како и другите филмови само што со VR уредите може да ги погледнете на најдобар начин. А во таа намера може дури и картонскиот Google Cardboard да ви се најде, кој и не може да се нарече вистински VR уред, но спаѓа во тој домен, и затоа Pornhub ги брои и прегледите кои доаѓаат од него.
Секако затоа има се повеќе содржини кои овозможуваат гледање во еден потполно друг амбиент. Пример кога Pornhub почна со VR понудата во март минатата година имаше само 30 видеа за корисниците, а денес има повеќе има повеќе од 2600. И во просек гледаноста е пола милион на ден, додека рекордот е срушен последниот Божиќ со 900 000 посети.
Не е никакво изненадување дека мажите го сочинуваат најголемиот дел од публиката, а 47% се од 25 до 37 години. Најмногу доаѓаат од Тајланд, потоа следат Хонг Конг, Филипини, Тајван, Норвешка, Израел, Пакистан, Малезија, Виетнам, Египет, Чиле…. Освен Норвешка и Израел VR порнографијата уште нема доживеано вистинска експлозија во развиените земји, најголемиот број на посети доаѓаат од земјите во развој или од земјите со слаби економии.
Но, никој не се сомнева дека со годините што доаѓаат VR порнографијата ќе заживее во целиот свет, само се чека прво да започне масовната продажба на VR уредите, кој сеуште за многу висока цена немаат квалитетна понуда. Освен се разбира овој порнографскиот дел… Но ако е само за него и Google Cardboard е доволен.