Српско-американскиот стартап Frame доби 16 милиони долари инвестиција

Инвестицијата ќе биде искористена за вработување на софтверски инженери, како и за проширување на продажбата и маркетингот- особено во Европа и Азија.

Српско-американскиот стартап Frame зема 16 милиони долари инвестиција во новата рунда, а помеѓу инвеститорите се наоѓа и Microsoft Ventures.

Како што пренесува Netokracija, новите средства ќе бидат искористени за вработување на софтверски инженери,  како и за проширување на продажбата и маркетингот- особено во Европа и Азија.

Frame во претходната рунда на инвестиции зема 10 милиони долари, и ги отвори канцелариите во Белград. Денес ,Frame вработува 30 луѓе во Сан Франциско, Белград и Ниш.

Овој српско-американски стартап со своите производи овозможува на многу светски организации префрлање на десктоп апликациите и софтверските алатки во cloud.

error: Content is protected !!