Heineken со безалкохолно пиво ја напаѓа Coca-Cola

Холандската пиварница смета дека пивото без алкохол за 10 до 15 години ќе стане глобален тренд.

Холандската пивара Heineken лансираше на пазарот безалкохолна верзија на своето пиво со намера да стане лидер во делот на пазарот кој расте побрзо од просекот.

“Heineken 0,0” е претставен во Барселона, а ќе се продава на 14 пазари и освен во Европа ќе се продава и во Русија и Израел. Тоа е целосно вртење од сегашната стратегијата на конкурентите кои безалкохолните пива ги продаваа на поединечни пазари. Heineken верува дека овој сегмет е иднината. Последните податоци покажуваат дека целиот пазар на пива помеѓу 2010 и 2015 година доживеало пад, во Европа побарувачката на безалкохолно пиво расте за 5% на годишно ниво.

“Можете да очекувате дека за 10 до 15 години ова ќе биде и глобален тренд. Сакаме да го направиме Heineken глобален бренд во сегментот од 0,0 промили”, изјави за холандските медиуми, Gianluca Di Tondo нивниот бренд директорот. Поради ниските трошоци поголеми се маржите на безалкохолното пиво, а произведувачите сметаат на преземање на дел од пазарот на газирани пијалоци чија потрошувачка и онака е во пад. Инаку Heineken 0,0 има двојно помалку калории од Coca Cola.

Инаку дека Heineken не е единствениот кој сака да зграби дел од пазарот, покажуваат и намерите на Anheuser-Busch InBev, најголемата светска пивара. Таа компанија до 2025 година 1/5 од своите производи ќе ги понуди во безалкохолна верзија. Во Heineken признаваат дека главниот виновник за досегашниот слаб успех на ваквите пива бил вкусот. Мајсторот за пива Willem van Waesberghe истакнува дека сега е променета рецептурата која на Heineken 0,0 му дава повеќе вкус како од алкохолната верзија.

error: Content is protected !!