Македонските заборавени херои

Секоја чест на македонските бранители од 2001 и нивната жртва поклон до колена, заборавени од државата но не и од луѓето. Но тука ќе зборувам за едни други херои кои се заборавени и од државата и од луѓето.

Кои се тие херои? Без нив нема да функционира брзата помош, без нив нема да фунционира противпожарната служба, без нив нема да функционираат училиштата и градинките. Тие се луѓе што стануваат рано наутро а си доаѓаат доцна навечер дома. Тоа се луѓето кои го полнат буџетот на Македонија, даваат плати кои нивните вработени ги трошат, со други зборови тие се моторот на секоја држава од нив зависи скоро се.

Тоа драги мои се македонските претприемачи под претприемач не подразбирам некој што зема тендери, не подразбирам некој што со далавери прави бизнис ниту некој што преку невладина зема пари и глуми колку е успешен и сакан, нив наречете ги како сакате но тие не се претприемачи.

cm__14

Претприемачи се луѓе што почнале од нула кои без партиски и роднински врски направија успешни бизниси вработуват луѓе плаќаат даноци и давачки, и цела држава ја носат на свои плеќи, сооочени со триста неправди од непрофесионална администрација, инспекции до лоши закони. Но и покрај се, некој од нив успешно работат и го развиваат и прошируваат својот бизнис. Многу од нив успешно продаваат производи и услуги во Западна Европа и САД, и покрај сите пречки кои ги имаат дома успешно се натпреваруваат со големи играчи од Запад кои доаѓаа од многу помоќни и посредени држави од нашава.

se

Зошто никој не ги прославува и спомнува овие херои? Зошто се потенцираат само луѓето што имаат компании кои на нечесен начин работат а овие првите се наоѓаат во длабока сенка? Знаете ли колку успешни претпримачи и компании имаме за кои не сте слушнале?

До кога политичарите и разните шундови ќе бидат прва вест во медиумите? Свесни ли сте дека ако не постојат претприемачите што тераат бизниси и што плаќаат даноци и давачки, Македонија одамна ќе ставеше клуч на својата врата.

Западот има развиена економија зашто има успешни претприeмачи, немаат луѓе што се “тепаат” за партиски книшки или влез во невладини организации за да клатат врата и да земаат плата, таму се натпреваруваат кој ќе направи подобар бизнис или стартап, таму се “тепаат” како нешто што постои да го подобрат и од тоа да направат бизнис, се “тепаат” како некој проблем да решат и да заработат од него. Не се “тепаат” за партиски книшки и влез во невладини организации.

Кога во Македонија ќе развиеме свест дека е добро да се биде претприемач и дека не треба да се чека од државата, партијата, невладината туку дека од нас зависи?

До кога законите ќе ги прават луѓе што не заработиле денар во приватен сектор, до кога магистри и доктори што освен празна  теорија ништо практично не можат да понудат на компаниите, до кога администрација што мисли дека компаниите и граѓаните за нејзе постојат а не обратно?

Кога во Македонија претприемништвото ќе биде главен спорт а не политиката?

Александар Пандуловски

error: Content is protected !!