Во која држава iPhone 7 е најевтин а каде најскап?

Дека Apple има најскапи паметни телефони во просек и не е некаква тајна, они се занимаваат со премиум уреди од првиот ден кога се појавија на пазарот. Но во некој држави iPhone е осетно поскап или поевтин отколку во други држави, и тоа е најчесто заради даноците, проблемите со дистрибуција, маржата итн.

Затоа  е многу интересно да се погледне извештајот на Deutsche Bank, кој покажува каде iPhone 7 од (128GB) може да го купите најевтино а каде најскапо. Изненадувачки (или можеби не?) е дека во Турција тој највеќе ќе ве чини ако го купите дури 1200 долари! Таа држава го надминува и Бразил што се наоѓа на второто место каде што iPhone 7 од 128GB може да се најде за 1115 долари.

Над 1000 долари iPhone чини уште во Русија (1086 долари) со нејзе завршуваат државите каде што телефонот чини четири цифри. Македонија ја нема на листата но и да ја има Македонија ќе се најде на поевтината половина од ранг листата. Во Македонија iPhone 7 од (128GB) би ве чинел околу 52 000 денари или 945 долари.

Најевтино од сите наведени држави е ако го купите овој модел на iPhone во САД  за 815 долари нешто поскапи се во Велика Британија 898 долари, во Кина 899 долари, во Германија е околу 951 долар, што е тука некаде како цената во Македонија.

ipitable

error: Content is protected !!